Тивериопол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тивериопол
археолошко наоѓалиште
Тивериопол is located in Археолошки локалитет во Македонија
Тивериопол
Тивериопол
(Грешка во скриптата: Нема модул наречен „Location map/old“.)
Местоположба 41°26′15″N 22°38′35″E / 41.43750° СГШ; 22.64306° ИГД / 41.43750; 22.64306Координати: 41°26′15″N 22°38′35″E / 41.43750° СГШ; 22.64306° ИГД / 41.43750; 22.64306
Основни податоци
Име Тивериопол
Место Струмица
Општина Струмица
Тип

Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба

Период старохристијанско време
Портал „Археологија“  • Проект „Археомак“

Тивериопол е поранешното име на денешниот град Струмица. Покрај името Астраион, определено време градот го носел и името Тивериопол, кое било повеќе официјално и се употребувало во византиската администрација и особено во црковната традиција. Меѓутоа, паралелно се употребувало и се повеќе се наложувало и словенското име на градот Струмица, што го потврдуваат и средновековните словенски писмени извори.

Градот Тивериопол во старохристијанскиот период имал важна улога во покрстувањето на жителите во југоисточните територии на Македонија. Големиот старохристијански црковен центар со епископско седиште бил расположен источно од Вардар и се верува дека бил наследник на епископското седиште Тивериопол. Ваквото мислење го има прифатено угледниот учен Л. Пети како истражувач на Струмичката епархија и на црквата Богородица Елеуса. Според византиската традиција, според која Струмица порано се викала Тивериопол, укажуваат следниве податоци: списоците на градовите што го промениле името, Теофилакт Охридски; подоцнежните нотиции на епископот; натписот од црквата Св. Богородица Елеуса во селото Вељуса, северно од Струмица, од 1080 година, и атоската повелба од 1286 година. Според хагеографскиот ракопис на Теофилакт Охридски, во прогоните на проповедачите на христијанската вера, во времето на Јулијан Апостата (361, 363) настрадала групата од 15 маченици. Тие биле закопани во доцноантичка некропола, надвор од градот, кадешто се закопувале христијаните. Таа лежи врз една постара археолошка структура, патосана со полихромен мозаик, чии мотиви наведуваат на градителска техника од III и IV век. Меѓу овие мотиви се појавува и крст, којшто укажува на култен христијански објект. Според некои извори, токму од оваа “трагедија“ произлегла да градот биде наречен Тивериопол.

Изнесеното мислење на К. Иричек, дека со легендата за култот на Петнаесетте маченици било пренесено и името на градот Тивериопол од Фригија, го прифатил Ф. Папазоглу и заклучил дека град со име Тивериополис во Македонија не постоел.

Во градот, заедно со предградијата и во неговата блиска околија, биле изградени бројни црковни објекти посветени на локалните маченици - мартири, како и на некои други позначајни светители од тоа подрачје. Така, овој град, по углед на Константинопол и на бројни други градови на малоазискиот и на африканскиот брег, станал град на мартирите - мартирополис.

Досега откриените споменици укажуваат дека Струмица во доцноантичкиот старохристијански период претставувала едно од големите епископски седишта во областите северно од Солун[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069