Кулите (Водоча)
Кулите — археолошко наоѓалиште во Водоча, Општина Струмица.
Претставува населба од хеленистичкото, римското и доцноантичкото време. На околу 3 км западно од селото има висок рид со зарамнето плато, издолжено во правецот север-југ, на кое на јужната страна се наоѓаат остатоци од бедем и една одбранбена кула. Во просторот што го оградувал бедемот, кој изнесува 60 × 40 м, се среќава множество фрагменти од керамички садови, според кои може да се заклучи дека тврдината била во функција најверојатно од 4 век п. н.е. до 4 век од новата ера[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од хеленистичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од римско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од доцноантичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Водоча
- Археолошки наоѓалишта во Општина Струмица
- Археолошки наоѓалишта во Струмичко