Китка (Банско)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Китка — археолошко наоѓалиште во Банско, Општина Струмица.
Претставува некропола од хеленистичкото време и римското време и средниот век и старохристијанска базилика со некропола. На западниот раб на селото се издига ридот Чукарка, со зарамнет врв на кој се гледаат остатоци од бедем ѕидан со камен и варов малтер, на одделни места зачуван и до 2 м.
По површината на населбата се среќаваат фрагменти од керамички садови со различна временска припадност и градежен материјал од помали објекти, а биле најдени повеќе македонски, римски и византиски монети. На источниот крај на теренот се зачувани остатоци од базилика и околу неа гробови од камени плочи[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Список на археолошки наоѓалишта во Струмичко;
- Бела вода;
- Врелото, депо на монети;
- Градиште, тврдина од доцноантичкото време;
- Дервиш, некропола од доцноантичкото време;
- Каптажа, некропола од хеленистичко време;
- Банско, римска населба;
- Моноспитовски лозја, некропола од доцноантичкото време;
- Под тврдината Китка, некропола од доцноантичкото време;
- Црква „Св. 40 Севастиски маченици“, некропола од средниот век;
- Турска бања, терма од доцноантичкото време;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() |
Оваа статија за поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Категорија:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од хеленистичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од римско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од старохристијанско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола
- Банско
- Археолошки наоѓалишта во Општина Струмица
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Струмичко
- Археолошки наоѓалишта во Банско (Струмичко)
- Древномакедонски гробници