Водоча

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
За други значења видете Водоча (појаснување)
Водоча
Село Водоча 05.JPG

Поглед на селото

Водоча се наоѓа во Republic of Macedonia
Водоча
Местоположба на Водоча во Македонија
Координати 41°26′57″ СГШ 22°35′17″ ИГД / 
Општина Општина Струмица
Население 318 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 314 м
Слава Петровден

Водоча е село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на селото
Влезот на селото

Селото Водоча се наоѓа во Струмичкото Поле, на реката Водочница во југоисточниот дел на Република Македонија. Оваа историски значајна населба се наожа речиси во средишниот дел на територијата на Општина Струмица, односно недалеку северозападно од градот Струмица на оддалеченост од 5 километри, поради што тоа припаѓа во рурбалната зона на централното место Струмица[1]. Со градот Струмица селото е директно поврзано со обновен асфалтиран пат преку селото Баница, кој пак од Водоча продолжува понатаму кон Вељуса. Водоча е рамничарско село расположено на надморска височина од 314 метри[1]. Сместено е во подножјето на планината Еленица, веднаш на отворот на самиот излез на реката Водочница од клисурестата долина во плодното Струмичко поле. Површината на атарот на селото Водоча изнесува 9,3 км2 или 942 ha, на кои обработливото земјиште зазема површина од 276,4 ха, на шумите отпаѓаат 599,4 ха, а на пасиштата само 21,7 ха[1]. Во близина на селото Водоча се наоѓа истоименото вештачко езеро.

Историja[уреди | уреди извор]

Во почетокот на 9 век, за време на византискиот император Никифор I во Струмичко било населено христијанско население од градот Тибериопол кој се наоѓал во областа Витинија во Мала Азија. Според В. Златарски овие малоазиски колонисти подигнале нова населба, на просторот меѓу денешните села Баница и Водоча, на која и го дале името Тибериопол, а во спомен на својата дотогашна постојбина[2]. Познатиот Водочки манастир, чија што манастирска црква посветена на Свети Леонтиј имала пет фази на изградба од IV па сè до втората половина на XIV век, е значаен по тоа што во раниот Среден век (X-XI век) бил седиште на Струмичката епископија, која што пак прв пат била спомената во 1018 година во една повелба на познатиот византиски цар Василиј II[1]. Според подоцнежни записи за селото Водоча се знае од турските пописни дефтери од XVI век, односно од 1570 година кога тоа било чисто христијанско македонско село во кое се наоѓал манастирот Лахрина при што тоа припаѓало во рамки на Струмичката нахија во Ќустендилскиот санџак[3]. Во ова време во селото, запишано како Водица живееле 84 македонски христијански семејства како и 15 неженети кои произведувале 60 товари пченица, 46 товари мешано жито, уров, свила, градинарски култури, кромид, краставици, праз, тиква, грозје и вино, овошје посебно цреши, како и ореви и бадем, сено, тревам се чувале и свињи и пчели[3]. Самите жители, разни храмови, војводи, паши и спаихии во Водоча имале вкупно 19 воденици[3]. Забележително големиот број на воденици, што се должел најверојатно на силната вода од истоимената река која тука излегува од клисурестата долина во полето. За сето ова во XIV век во селото Водоча се остварувало приход и се плаќало годишен данок во износ од 13 928 акчиња[3].

Потекло и значење на името[уреди | уреди извор]

Една месна легенда раскажува дека ослепувањето на војниците станало западно од Струмица, кај селото Водоча чие што име, наводно, произлегло од двата збора: „вади очи“. Сепак, научните толкувања кои се повикуваат и на пишаните историски извори каде се среќава името Водица, сметаат дека името на селото Водоча е изведено од апелативот вода со додавката -оча[4]. Природните одлики на теренот со големо присуство на вода од истомената река во месноста, како и историските потврди за ослепувањето во познатата Беласичка битка во овој крај, даваат основа за поткрпена и на двете претпоставки за настанокот и значењето на името на Водоча.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Претежно занимање на населението е земјоделие. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 273 ha[5]. Покрај одгледувањето и производството на градинарски култури и ран зеленчук, селото Водоча е едно од најголемите производители на тутун меѓу струмичките села.

Население[уреди | уреди извор]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 170
1953 167 183
1961 244 1 1 249
1971 378 255
1981 221 323
1991 256 1 339
1994 286 1 326
2002 316 2 318

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 318 жители. Следува табела на националната структура на населението[6]

Националност Вкупно
Македонци 316
Албанци 0
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 2
Бошњаци 0
Други 0

Во 1961 година селото Водоча броело 249 жители, но во 1994 година бројот се зголемил на 326 жители, македонско население[1].

Родови[уреди | уреди извор]

Селото Водоча е населено со Македонци од православна христијанска вероисповед. Врз основа на долгите историски традиции за што сведочи повеќе од илјадагодишното постоење на Водочкиот манастирСите македонски родови од селото се староседелски односно старински, кои уште одамна живееле во ридскиот предел западно и јужно од Струмица при што нема доселеници од други подалечни краишта, односно можно е да постоеле преместувања во блиските соседни села Вељуса, Седларци, Попчево, Рич. Родови или семејства кои што живеат во Попчево се: Ќечеви, Стојанови, Маџункови, Ширкови, Илиеви, Ристови, Милеви, Трајкови, Доневи, Котеви, Вучкови.

Општествени институции[уреди | уреди извор]

  • Подрачно Основно училиште Сандо Масев

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Манастирот „Св. Леонтиј“

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 56. ISBN 9989-862-00-1. 
  2. М. Пандевски и Г. Стоев-Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Соколоски, Методија (1982) (на македонски). Турски документи за историјата на македонскиот народ. V. Скопје: Архив на Македонија. стр. 80-82. 
  4. Митева, Динка (1989) (на македонски). Топонимијата на Струмичко. Скопје: Инситут за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 31. 
  5. „Населено место - Струмица“. www.strumica.gov.mk. http://www.strumica.gov.mk/index.php?option=com_content&view=category&layout=blog&id=45&Itemid=73&lang=en&limitstart=20. посет. 4 мај 2013 г. 
  6. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  7. Општина Струмица. Населени места. Водоча.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]