Тиква

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тиква
Научна класификација
Царство: Plantae
Оддел: Magnoliophyta
Класа: Magnoliopsida
Ред: Cucurbitales
Семејство: Cucurbitaceae
Потсемејство: Cucurbitoideae
Племе: Cucurbiteae
Род: Cucurbita
Семки од тиква (созреано)

Тикви се едногодишни растенија од фамилијата Cucurbitaceae. Потекнуваат од Средна Америка. Познати се повеќе видови, а позначајни се:[1]

  • обична,
  • готварска (Cucurbita pepo var. cylindrica),
  • мускатна (Cucurbita moshata) и
  • печенка (Cucurbita maxima).

Тиквите се одгледуваат заради плодовите кои содржат сува материја (8-16%), а во неа има: шеќери (3–8%), пектини (0,3–0,8%), азотни материи (0,3-1,2%), каротин (20%). Се консумираат варени, пржени или печени. Мускатната се користи и како додаток во сокови и за детска храна. Семето е богато со масло, кое се користи во индустријата. Се одгледуваат на отворено. Тие се топлољубиви, оптималната температура за интензивен раст и развој е 25-30 степени Целзиусови.[1]

Морфолошки својства[уреди | уреди извор]

Корен[уреди | уреди извор]

Тиквата има добро развиен коренов систем кој достигнува длабочина преку еден метар. Главната коренова маса е развиена на длабочина од 50 см.

Стебло[уреди | уреди извор]

Стеблото на тиквата е зелјесто, разгрането, обраснато со мов. На стеблото може да има боцки. Должината на главното стебло достигнува од 3-4 метри. Обичната и мускатната тиква имаат цилиндрично стебло, додека бундевата има петоаголно стебло. Интернодиите кај тиквичката се многу кратки и таа формира жбунесто стебло. На коленцата на стеблата можат да се формираат адвентивни корења.[1]

Лист[уреди | уреди извор]

Листот на тиквата е крупен со долга дршка.

Цвет[уреди | уреди извор]

Тиквата развива машки и женски цветови. Машките цветови се формираат на долги тенки дршки, додека женските се формираат на куси дршки и изгледаат како да се насадени на дршката.[1]

Плод[уреди | уреди извор]

Плодот на тиквата е бобинка со сферична, елипсовидна, цилиндрична, сплескана крушковидна и др. Бојата на плодот е сортна особина и може да биде различна портокалова, жолта, бела. Плодот може да достигне тежина над 50 кг.[1]

Семе[уреди | уреди извор]

Семето на тиквата е елипсовидно, сплескано со различна големина. Семето на тиквата ‘ртливоста ја задржува 3-4 години.

Тиквата како храна[уреди | уреди извор]

Супа од тиква

Супа од тиква[уреди | уреди извор]

Кру­шо­вид­ни­те ти­кви се иде­ал­ни за крем-су­па. Во сту­де­ни­те есен­ски де­но­ви крем-су­па­та од­лич­но за­гре­ва, хран­ли­ва е, се пре­по­ра­чу­ва за до­ен­чи­ња што поч­ну­ва­ат да ја­дат твр­да хра­на. Во­зрас­ни­те мо­жат да си до­да­дат јо­гурт или ки­се­ло мле­ко, а ме­не ми е нај­вкусна со пот­пе­че­ни леп­чи­ња во рер­на. Ти­ква­та, ком­пи­рот и мор­ко­вот из­ми­е­ни и из­лу­пе­ни се се­чат на по­го­ле­ми пар­чи­ња. Кро­ми­дот, лу­кот, це­ле­рот и па­шка­на­тот се ста­ва­ат це­ли во ло­нец со во­да. Се ва­рат за­ед­но 30-40 ми­ну­ти. По­тоа си­те со­стој­ки се дро­бат, до­де­ка не ста­нат ка­ко ка­ша. На крај се до­да­ва во­да­та во ко­ја се ва­рел зе­лен­чу­кот. За вкус се до­да­ва мал­ку мас­ли­но­во мас­ло, сол, црн пи­пер и мор­ско орев­че[2].

Печена тиква[уреди | уреди извор]

Го­ле­ми­те тикви се идеални за пе­че­ње. Тиквата треба да се из­мие уба­во, да се пре­се­че­ на пар­чи­ња, да се на­ре­деат во та­ва, да се ста­ви мал­ку во­да на дно­то од та­ва­та и да се по­крие со фо­ли­ја за го­тве­ње. При кра­јот од пе­че­ње­то, са­мо треба да се трг­не­ од фо­ли­ја­та, кол­ку да фа­тат ко­рич­ка. Исто така сем­ки­те од ти­ква­та ни­ка­ко не се за фр­ла­ње. Тие требаат само да се ис­чи­стат уба­во од кон­ци­те од ти­ква­та, да се по­со­лат и да се стават пра­во во рер­на. По не­кое вре­ме се добиваат сем­ки за гриц­ка­ње.

Тикварник[уреди | уреди извор]

Тикварникот е десерт кој се подготвува од тиква со млеко и јајца. Вообичаен е во есенските и зимските месеци.

Тиквеник[уреди | уреди извор]

Тиквеникот е вид пита или баница со тиква.

Биолошки својства[уреди | уреди извор]

Агротехника[уреди | уреди извор]

Тиквата како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 проф. д-р Данаил Јанкуловски, „Тикви“, во: Македонска Енциклопедија, Скопје: МАНУ, 2009, стр. 1484-1485.
  2. „Крем-супа од тиква“. Република Online. 2013-03-11. Архивирано од изворникот на 2017-10-13. Посетено на 2017-10-23.
  3. Славко Јаневски, Евангелие по Итар Пејо. Скопје: Кочо Рацин, 1966, стр. 8-9.
  4. Dragoslav Mihailović, Kad su cvetale tikve. Beograd: BIGZ i SKZ, 1983.
  5. Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 51.
  6. Discogs, Tricky – The Best Of (пристапено на 8.2.2021)