Баница
Баница — село во Општина Струмица, на 2 километри од градот Струмица.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Баница се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 2 километри.
Надморската височина во селото е 250 метри а површината на селото изнесува 742 ха.
Селото се граничи со Струмица, Попчево, Водоча, Добрејци, Ангелци, Градошорци.
Историја[уреди | уреди извор]
Византиски период[уреди | уреди извор]
Во почетокот на 9 век, за време на византискиот цар Никифор I во Струмичко било населено христијанско население од градот Тибериопол кој се наоѓал во областа Витинија во Мала Азија. Според В. Златарски овие малоазиски колонисти подигнале нова населба, на просторот меѓу денешните села Баница и Водоча, на која и го дале името Тивериопол, а во спомен на својата дотогашна постојбина[1]
Османлиски период[уреди | уреди извор]
Селото се споменува во отомански регистри од XVI век како Шехр Азад, или во превод „спасен град“[2]. Во отоманските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Малешева од 1621-1622 година, селото е наведено под името Баниче со 4 домаќинства[3].
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Баница се состоела од 30 семејства од кои 96 Македонци и 18 муслимани[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Баница имало 320 жители од кои 120 Македонци и 140 Турци и 60 Роми[4][6]
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 96 Македонци[4][7].
Селото Баница во почетокот на XX век било типично чифлиско село[1].
Југословенски период[уреди | уреди извор]
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, и подоцна Кралство Југославија. Во селото се населиле мал број на колонисти од Србија.
Во текот на Втората светска војна од селото како припадници на партизански одреди загинале Ѓорѓиев Киро и Ѓорѓиев Васил.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Главно занимање во Баница е раноградинарството со обработливо земјиште од 236 ха.
Демографија[уреди | уреди извор]
Во 1953 година селото имало 601 жител, од кои 520 Македонци и 78 Турци. ВО 1961 година, бројот на жители бил 729 од кои 718 Македонци и 10 Турци. Според пописот од 1971 година во селото живееле 897 жители, додека според пописот од 1981 - 1086 жители.[2].
Година | Население |
1953 | 601 |
1961 | 729 |
1971 | 897 |
1981 | 1086 |
1994 | 1163[8] |
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.137 жители. Следува табела на националната структура на населението[9]
Националност | Вкупно |
Македонци | 1.129 |
Албанци | 0 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 2 |
Бошњаци | 1 |
останати | 5 |
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[10]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 320[6] | 96[7] | 680 | 601 | 729 | 895 | 1.086 | 1.283 | 1.163 | 1.137 |
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Во селото работи подрачното Основно училиште - Сандо Масев.
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постојат избирачките места бр. 1763, 1763/1 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.347 гласачи.[12]
На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.361 гласач.[13]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
На северниот крај од селото се наоѓа Струмин гроб, средновековен или антички гроб, за кој постојат повеќе легенди. Исто во селото Баница има две православни цркви св. Ѓорѓи и св.Димитар кој св.Ѓорѓи се наоѓа на надморска височина од 300m, а св.Димитар близу центарот на селото.
Во селото Баница има џамија која ја посетуваат припадниците на муслиманската вера. Некогаш во селото постоела и џамија која денес е напуштена.
Во селото се наоѓаат следните археолошки наоѓалишта:
Спорт[уреди | уреди извор]
Првата кожна фудбалска топка во струмичкиот регион била набавена во селото Баница, што останала кај некој селанец од англиските војници во текот на Првата светска војна. Група младинци ја откупиле од селанецот и долго играле. Неколку години потоа се одржувале натпревари на „дивите" маалски клубови по празните места на Струмица опожарена во 1913 година[1].
Личности[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 М. Пандевски и Г. Стоев-Трнката. „Струмица и Струмичко низ историјата“, Струмица, 1969, стр. 32.
- ↑ 2,0 2,1 Митева, Димка. „Топонимијата на Струмичко“, Скопје, 1989, стр. 26-27.
- ↑ Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 286
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 186-187.
- ↑ 6,0 6,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр. 160.
- ↑ 7,0 7,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
- ↑ Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр. 18
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 21 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 21 декември 2019.
- ↑ „Парламентарни избори 2020“. Посетено на 3 ноември 2020. line feed character во
|title=
во положба 21 (help)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Баница“ на Ризницата ? |
|