Попчево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Попчево
Попчево 05.JPG

Глетка на Попчево

Попчево is located in Македонија
Попчево
Местоположба на Попчево во Македонија
Координати 41°25′1″N 22°35′17″E / 41.41694° СГШ; 22.58806° ИГД / 41.41694; 22.58806Координати: 41°25′1″N 22°35′17″E / 41.41694° СГШ; 22.58806° ИГД / 41.41694; 22.58806
Општина Општина Струмица
Население 343 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 525 m
Надм. вис. 525 мнв м
Commons-logo.svg Попчево на Ризницата


Попчево е село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Споменик на Ристоман Попчевски

Попчево се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Сместено е во јужниот дел на Општина Струмица, недалеку од вештачкото езеро Водоча[1]. Селото е расположено на присојно место изложено на сончевите зраци, на западната падина на планината Еленица со отвореност кон југ. Непосредно на запад од Попчево е вештачкото езеро Водоча, додека непосредно на исток е помалото вештачко езеро на браната Маркова Река во долината на реката Тркања низ која води патот од Струмица за Валандово, кон север и исток е падината на Еленица со нискостеблеста ретка шума и пасишта, а кон југ е пространото обработено земјиште со многу ниви. Попчево е ридско село на сместено на надморска височина од 500 метри[1]. Од градот Струмица е оддалечно 9 километри во западен правец и е поврзано со новоизграден асфалтиран пат кој води преку Еленица покрај Цареви Кули, како и со исклучување од регионалниот пат за Валандово кај селото Раборци. Атарот на Попчево зафаќа простор од 15,3 км2 при што на него шумите зафаќаат површина од 562,5 ха, на пасиштата отпаѓаат 527 ха, а на обработливото земјиште 274 ха[1].

Селото се граничи со Раборци, Чепели, Плавуш, Баница, Водоча, Белотино, Струмица.

Историja[уреди | уреди извор]

Економија[уреди | уреди извор]

Претежно занимање на населението е земјоделие. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 157 ха[2].

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците од 1873 година, селото имало 60 домаќинства со 295 жители христијани (Македонци).[3]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Попчево живееле 217 жители, сите Македонци.[4]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Попчево имало 240 Македонци, егзархисти.[5]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 343 жители, од кои 342 Македонци и 1 останат.[6]

Селото Попчево е средна по големина населба со постојано, но не и драстично намалување на бројот на жителите[1]. Така, во 1961 селото имало 625 жители, а во 1994 се намалило на 443 жители, исклучиво македонско население[1].

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години: [7]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 217[4] 240[5] 486 524 625 707 553 460 443 343

Родови[уреди | уреди извор]

Селото Попчево е населено со Македонци од православна христијанска вероисповед. Сите македонски родови од селото се староседелски односно старински, кои уште одамна живееле во ридскиот предел западно и јужно од Струмица при што нема доселеници од други подалечни краишта, односно постоеле преместувања во блиските соседни села Раборци, Три Води, Рич, Водоча. Родови или семејства кои што живеат во Попчево се: Тасеви, Кочеви, Бачеви, Ташеви, Пандеви, Ѓорѓиеви, Вучкови, Стојанови, Дерменџиеви, Николови, Коцеви, Атанасови, Ицеви.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Родителите на фудбалерот Горан Пандев се родени во Попчево.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 241. 
  2. „Населени места во Струмица“. http://www.strumica.gov.mk. конс. 2013-05-05. 
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.186-187.
  4. 4,0 4,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 160.
  5. 5,0 5,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
  6. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  7. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  8. Бранко Ѓоргиев, "Ристоман Попчевски – револуционерот кој ја темпира бомбата на железничката станица во Гевгелија" ("Струмица денес", 07.10.2014)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]