Прејди на содржината

Зора Георгиева

Од Википедија — слободната енциклопедија

Зора Димитар Георгиева ( 1924 во Свети Николе — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Уште пpeд војната му припаѓала на младинското напредно движење. Во ноември 1941 година била примена за член на КПЈ. Работела на организирањето на младината и жените во воспитни групи со кои собирала народна помош, а самата раководела со скоевски групи. Заедно со групата ззработувала топла облека за борците во НОВ и ПОМ. Во нејзиниот дом се собирала народната помош и облека и оттука се испраќала за партизаните. Нејзината активност била откриена од бугарската полиција, затоа во текот на 1942 и 1943 година била неколку пати апсена. Во октомври 1944 година била избрана за член на ОК КПМ и секретар на НОО - Свети Николе. Носител е на повеќе одликувања.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1022.