Сачево
Сачево — село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Сачево се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 7 километри.
Надморската височина во селото е 216 метри а површината на селото изнесува 305 ха.
Селото граничи со Куклиш, Свидовица, Муртино, Робово, Градско Балдовци, Дабиле.
Историја[уреди | уреди извор]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Претежно занимање на населението е земјоделство. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 236 ха[1].
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сачево живееле 280 жители, сите Македонци.[2]
Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Сачево имало 280 Македонци, патријаршисти.[3]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 540 жители, сите Македонци.[4]
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 280[2] | 280[3] | 480 | 543 | 637 | 579 | 570 | 569 | 554 | 540 |
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 1839 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 436 гласачи.[7]
На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие изборни места биле запишани вкупно 435 гласачи.[8]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Црква Св.Илија
- Селска чешма
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
- Гале Галев (р. 11 февруари 1943) - македонски правник, универзитетски професор и поранешен министер за образование во владата од 1998 година
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Населени места во Струмица“. http://www.strumica.gov.mk. Посетено на 2013-05-05. Надворешна врска во
|publisher=
(help) - ↑ 2,0 2,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.160.
- ↑ 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.106-107.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Парламентарни избори 2020“. Посетено на 3 ноември 2020. line feed character во
|title=
во положба 21 (help)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Сачево“ на Ризницата ? |
|