Муртино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Муртино
Assembly of Municipality Murtino.JPG

Поранешната општинска зграда

Муртино се наоѓа во Republic of Macedonia
Муртино
Местоположба на Муртино во Македонија
Координати 41°24′55″ СГШ 22°43′36″ ИГД / 
Општина Општина Струмица
Население 2209 жит.
Пошт. бр. 2432
Надм. вис. 196 м
Слава Ѓурѓовден
Commons-logo.svg Муртино на Ризницата

Муртино — село во југоисточна Македонија, во состав на Општина Струмица.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Муртино се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 8 км. Надморската височина во селото е 212 м а површината на селото изнесува 1.640 ха.

Селото граничи со Свидовица, Банско, Сачево, Моноспитово, Робово, Еднокуќево, Бајрамбос, Кочули.

Историja[уреди | уреди извор]

Селска чешма

Првите податоци за селото потекнуваат уште од турско време, кога првобитната местоположба на селото била на ридот кој се наоѓа на Беласица, јужно од сегашната положба на селото. Сегашната местоположба е некогашен чифлик на турскиот бег. Се верува дека името на селото потекнува од бегот Мурат, кому и му припаѓал и чифликот.

Првиот познат населеник е така наречениот дедо Јове, кој се преселил од мариовските села и дошол во Муртино, бидејќи убил тогаш некој познат турчин и за да не биде убиен се преселил со своето семејство. Тој имал неколку синови од кој најпознатиот се викал Атанас, тој бил кмет на селото и многу богат човек, го помагал Илинденското востание дури го криумчарел Гоце Делчев, преку Беласица за да оди во Солун. Давал пари за да се купи оружје, муниција итн. Сеуште има остатоци од ова семејство на Дедо Јове, сега познати како Јовевци, сите живеат во маалото наречено Чифлик.

Во селото била отворена една од првите евангелско-методистички цркви во Македонија. Кон почетокот на XX век, според статистиката од Бранков, бројот на протестантите во Струмичко изнесувал 624 лица, од кои 208 живееле во Муртино. Освен црква, во селото имало изградено и протестантско училиште. Нивниот број значително се намалил по крајот на Балканските војни.

Муртино во 1996 станува општина. Во општината биле и селата Моноспитово, Бансκо и Сачево. Општина Муртино постои два мандати, во првиот мандат κаκо градоначалниκ е избран Ацо Христов од редовите на партијата ВМРО-ДПМНЕ, по потеκло од Муртино. Во вториот мандат со лоκалните избори одржани во 2000 година κаκо градоначалниκ е избран Стојан Бансκолиев исто таκа од партијата ВМРО-ДПМНЕ, и осто со потеκло од Муртино. Со териториалната поделба во 2005 година, изгласана во собранието на Маκедонија, Општина Муртино е распуштена. Моноспитово се припојува во Општина Босилово, а Муртино со Бансκо и Сачево се припојуваат во Општина Струмица.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Претежно занимање на населението е земјоделството. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 688 ха[1].

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.209.Следува табела на националната структура на населението[2]

Националност Вкупно
Македонци 2 203
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 2
Бошњаци 0
Други 4

Општествени институции[уреди | уреди извор]

  • Основно училиште „Маршал Тито“
  • пошта
  • амбуланта
  • бензинска пумпа
  • земјоделско здружение „Агро унија“
  • ветеринарна станица
  • дом на културата
  • спортска сала
  • РЕ на ЈПКД Комуналец — Струмица

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

На верскиот празник Свети Ѓорѓи, познат и како Ѓурѓовден се одржува трка со коњи.

Личности[уреди | уреди извор]

  • Атанас Јовев — војвода на ВМРО
  • Ден Дончев — министер во владата на Македонија во времето на Љубчо Георгиевски потекнува од Муртино.
  • Зоран Заев — градоначалник на Струмица во три мандата и водач на СДСМ од 2013 година потекнува од Муртино.
  • Ванчо Панчев — пратениκ во собранието на Маκедонија од 1998 до 2002 потеκнува од Муртино.

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]