Добрејци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Добрејци
Добрејци 02.JPG
Добрејци is located in Македонија
Добрејци
Местоположба на Добрејци во Македонија
Координати 41°27′38″N 22°39′8″E / 41.46056° СГШ; 22.65222° ИГД / 41.46056; 22.65222Координати: 41°27′38″N 22°39′8″E / 41.46056° СГШ; 22.65222° ИГД / 41.46056; 22.65222
Општина Општина Струмица
Население 1764 жители жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 230 мнв м
Commons-logo.svg Добрејци на Ризницата
Добрејчани на селската чешма во 1941 година

Добрејци е село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Добрејци се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во Струмичко-радовишката Котлина. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 3 километри и претставува приградска населба.

Надморската височина во селото е 230 метри а површината на селото изнесува 552 ha. Селото се граничи со Баница, Струмица, Василево, Пиперово, Просениково, Дабиле.

Денеска, селото се дели на Старо и Ново Добрејци. Новата населба се наоѓа западно од Старо Добрејци, и се разделени од Крива река.

Историja[уреди | уреди извор]

Легенда[уреди | уреди извор]

Во минатото, местото каде денеска се наоѓа Ново Добрејци се нарекувало Марино село, според неколкуте жени кои се викале Марина. Според легендата, селото било основано од сега напуштена населба помеѓу селата Водоча и Вељуса. Во таа населба постоела селска чешма која населението ја нарекуала Добринска чешма. Но во селото имало многу змии, па затоа жиелите на населбата го напуштиле местото и се населиле во месноста Црнилка. Но, поради појава на болести ѓителите биле принудени уште еднаш да основат нова населба, и тоа на местото на денешно Старо Добрејци. Поради тоа што им се допаднало новото место, населението започнало да го употребува терминот „Овде е добро“. Според ова, и селото го добило своето име - Добрејци.

Според друга легенда, името го добил според добрината на луѓето кои живееле во селото, додека според трета легенда, името на селото било според Добрин, жител на селото.

Османлиски период[уреди | уреди извор]

За прв пат селото се споменува во 1519 година кога биле евидентирани 24 домакинства.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Добрејци се состоело од 20 семејства и 72 жители Македонци[1][2]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Добрејци имало 250 жители Македонци[1][3].

Во селото како учител работел Коста Мазнејков во училиштето кое било основано во 1900 година.

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 160 Македонци и работело егзархиско училиште[1][4].

Југословенски период[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, и подоцна Кралство Југославија.

Економија[уреди | уреди извор]

Претежно занимање на населението е земјоделие. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 453 ha[5].

Население[уреди | уреди извор]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.764 жители, сите Македонци.[6]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години: [7]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 250[3] 160[4] 552 623 743 1.122 1.608 1.688 1.693 1.764

Општествени институции[уреди | уреди извор]

  • ОУ „Сандо Масев“
  • Дом на култура
  • Земјоделско здружение Еко-Градинар
  • Земјоделско здружение ХортиЕко

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

  • Проф. д-р Илија Велев, роден во Добрејци 1959 година. Автор на повеќе од 300 научни трудови и 20-тина монографски книги.Во 2006 година добитник на најголемата награда за наука во Република Македонија за книгата Византиско-македонските книжевни врски. Покрај со наука, се занимава и со пишување на поетски и прозни дела. Член е и на Друштвото на писателите на Македонија. Иницијатор за прогласување на 2008 - Година на македонскиот јазик, а од Владата на Р.Македонија е поставен за програмски координатор.

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  2. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.
  3. 3,0 3,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160.
  4. 4,0 4,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
  5. „Населено место - Белотино“. www.strumica.gov.mk. конс. 2013-05-04. 
  6. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  7. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]