Вељуса

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Вељуса
Вељуса 04.JPG

Поглед на Вељуса

Вељуса is located in Македонија
Вељуса
Местоположба на Вељуса во Македонија
Координати 41°28′33″N 22°34′2″E / 41.47583° СГШ; 22.56722° ИГД / 41.47583; 22.56722Координати: 41°28′33″N 22°34′2″E / 41.47583° СГШ; 22.56722° ИГД / 41.47583; 22.56722
Регион Струмичко Поле
Општина Општина Струмица
Население 1.552 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2414
Надм. вис. 330 м
Слава Мала Богородица
Commons-logo.svg Вељуса на Ризницата

Вељуса е село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Пошта

Селото Вељуса се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Поточно, тоа се наоѓа во северозападниот дел на Општина Струмица[1]. Ова населено место во Струмичката Котлина сместено во подножјето на планината Еленица, односно на допирот на подножјето со рамничарскиот дел на Струмичкото Поле веднаш по долот на реката Водочница кој претставува преслап меѓу планините Еленица односно Плавуш и Смрдеш. Од најблискиот град Струмица е оддалечена 11 километри[1]. Вељуса претставува развиен рурален центар со свој урбанистички план[1] и со добра инфраструктурна уреденост и поврзаност, како aсфалтирана патна мрежа, водовод, електрична мрежа, телекомуникациски врски[2]. Населбата е ридска на надморската височина од 330 до 360[1] метри. Има голем атар кој се издигнува на југоисточната падина на планината Смрдеш, каде се допира со просторот на Општина Василево[1]. Површината на атарот на Вељуса изнесува 29,6 км2 на кој преовладуваат шумите на површина од 1615,5 ха. обработливото земјиште зазема 909,6 ха, а на пасиштата 101,9 ха[1].

Селото се граничи со Водоча, Белотино, Рич, Седларци, Ангелци, Варварица, Горни Липовиќ.

Историja[уреди | уреди извор]

Селото Вељуса има многу долга и богата историска традиција уште од најраните древни времиња, а особено со изградбата на познатиот Вељушки манастир посветен на Пресвета Богородица Елеуса (Милостива) во раниот Среден век во 1080 година (XI век) од каде селото го добило и своето денешно име. Постоењето на овој голем, значаени и знаменит манастир, влијаело Вељуса да се развива и опстојува како многу голема и значајна населба со бројно население и разни значајни установи. Доказ за ова, за големината и значењето на Вељуса во минатото, се записите за селото запишано како Велуша во турските пописни дефтери од XVI век, односно од 1570 година кога тоа припаѓало во рамки на Струмичката нахија во Ќустендилскиот санџак, при што тоа се делело на 6 маала од кои 5 маала биле христијански и ги носеле следните имиња: Тоде Пејо (49 семејства), Пејо Ковач (56 семејства), Димитри Продан (56 семејства), Киро Петко (70 семејства) и Киро Михо (70 семејства), а во едно маало живееле и 9 муслимански семејства[3]. Во ова време во селото Вељуса, живееле вкупно 310 семејства од кои 301 биле македонски христијански семејства и 9 муслимански, со 157 неженети и 19 водвоици кои произведувале 115 товари пченица, 126 товари мешано жито, градинарски култури, зелка, праз, свила, уров, овошје, цреши, ореви, бадеми, грозје и вино, се чувале и свињи и пчели во улишта и кошници[3]. Во тоа време во Вељуса имало 12 воденици, грнчарски фурни во кои се печеле глинените садови изработени од грнчарите во селото, а имало и бочвари кои правеле буриња и корита и се плетеле кошници[3]. За сето ова селото Вељуса остварувало годишен приход од 35 430 акчиња[3], на што плаќало најголем износ на данок во цело Струмичко.

Потекло и значење на името[уреди | уреди извор]

Порано селото се викало Палеокастро, но откако била изградена црквата, посветена на Богородица Елеуса (Милостива), селаните кога доаѓале накај црквата викале: Одиме во Елеуса… Велеуса. Станува збор за народно предание, кое се смета и за најверодостојно.[4] Манастирскиот комплекс во селото датира од 1080 година. Најстарите спомени пишувани за селото Вељуса потекнуваат од втората половина на 11 век: 1080 година монахот Мануил, подоцна струмички епископ, во селото Вељуса подигнал манастир „Св. Богородица- Елеуса“. Во првиот историски споменик запишано е дека овој манастирски храм е посветен на Св. Богородица- Елеуса. Тоа е грчки збор што во превод значи „милостива“. Вториот историски спомен потекнува од првата половина на 14 век; 1346 година, манастирот во Вељуса, српскиот цар Душан му ги потврдил правата на сопствеост на манастирот Ивер на Атос. Тогаш манастирот ја изгубил својата самостојност. Во турските пописни дефтери од 1570 година селото е запишано како Велуша[3].

Стопанство[уреди | уреди извор]

Според составот на атарот селото Вељуса има поледелско-шумарска функција[1]. Претежно занимање на населението е земјоделие[2]. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 829 ha[2]. Најразвиени земјоделски гранки со кои се занмиваат жителите на Вељуса, како и во останатите села во поширокиот Струмички крај, се градинарството и поледелството. Од градинарските култури особено многу речиси во секое домаќинство и семејство се одгледува црвена пиперка - ајварка односно сортата куртовска капија на отворено, како и црвен и зелен пипер од сортите бабури, феферони, гамби под пластеници. Други земјоделски култури кои многу се одгледуваат во Вељуса се: бостан односно лубеници и дињи, тутун, патлиџан (домат - френки), зелка (пролетна и есенска), краставици (обични и корнишони), кромид, праз, лук. Вељуса е едно од најголемите производители на тутун меѓу струмичките села. Доста е застапено и лозаро-овоштарството преку бројните лозја и овоштарници на ридовите во непосредната околина. Голем дел од земјоделските производи како пиперките, лубениците, дињите, доматите покрај на домашните пазари и преработувачката прехранбена индустрија се извезуваат и во странство каде завршуваат и се пласираат на пазарите во земјите од поширокиот регион на југоисточна Европа. Во Вељуса има земјоделска задруга[1], а активно работат и 15 правни лица - претпријатија и фирми од земјоделството[2]. Во селото има и неколку продавници и трговски услужни дуќани и ресторани, а дел од населението се занимава и со други дејности како автопревоз. На падините над селото во ридско-планинскиот предел на планините Еленица и Смрдеш во правец на вештачкото Водоча често има бесправна и дива сеча на дабова шума за огревно дрво[5].

Население[уреди | уреди извор]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948
1953 888 2 890
1961 972 - 3 3 978
1971 1.085 - 2 2 1.089
1981 1.125 - 1 1 1.127
1991 1.107 - - 4 1.111
1994 1.361 6 1 1.368
2002 1.548 4 - 1.552

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.552 жители. Следува табела на националната структура на населението[6]

Националност Вкупно
Македонци 1.548
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 4
Бошњаци 0
Други 0

Според бројот на населението, Вељуса е голема населба, но со опаѓање на бројот на жителите[1]. Сепак, по малиот пад на бројот на жители, во последните два пописи Вељуса бележи стабилизирање на бројноста на своето население, што се должи на доста поволните услови за живот во местото. Во 1961 година селото броело 1825 жители од кои 1718 биле Македонци и 102 биле Турци, а во 1994 година бројот се намалил на 1577 жители, македонско население[1]. Во однос на изјаснувањето по вероисповед, 1523 жители се изјасниле како православни и 29 како останати (методисти).

Родови[уреди | уреди извор]

Селото Вељуса денес во целост е населено со Македонци од христијанска во најголем дел православна (98,13%), а во помал и методистичка протестантска (1,87%) вероиспвед, додека во подалечното минато во селото живееле и Турци кои постепено целосно се иселиле. Македонски родови и семејства кои живеат во Вељуса се: Ристоманови, Михајлови, Сапунџивци, Маротци[7], Стојменови, Ѓорѓиеви, Дончеви, Гогови, Пандеви, Милковски.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

  • Борис Стоименов, македонски економист и политичар, поранешен министер за финансии во Владата на РМ (1998-1999) и пратеник во Собранието на РМ (2008-2011).

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

  • Фудбалски клуб Еленица

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 1,9 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 51. ISBN 9989-862-00-1. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Населено место - Вељуса“ (македонски). Општина Струмица. 2005-2012. конс. 17 декември 2015. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Соколоски, Методија (1982) (на македонски). Турски документи за историјата на македонскиот народ. V. Скопје: Архив на Македонија. стр. 74-79. 
  4. „Портите на Велјуса“. Истражи ја Македонија. 
  5. „ФАТЕНА ГРУПА ДРВОКРАДЦИ ВО СТРУМИЧКОТО СЕЛО ВЕЛЈУСА“ (македонски). Вест. 26 јуни 2009. конс. 17 декември 2015. 
  6. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  7. Трифуноски, Јован (1979) (на српски). Струмички крај - народни живот и обичаји. Скопје: Универзитетска печатница. стр. 51–53. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]