Белотино
Белотино | |
Координати 41°26′2″N 22°32′43″E / 41.43389°N 22.54528°E | |
Општина | Струмица |
Население | 13 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 27007 |
Надм. вис. | 518 мнв м |
Слава | Свети Ѓорѓи |
![]() |
Белотино — село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Белотино се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 16 километри. Надморската височина во селото е 518 метри а површината на селото изнесува 808 ха.
Селото се граничи со Вељуса, Водоча, Попчево, Рич, Башали, Плавуш.
Историја
[уреди | уреди извор]Османлиски период
[уреди | уреди извор]За името на селото се споменува една легенда. Според неа, во селото Градец (денеска напуштено) живееле тројцата браќа Андон, Митко и Трајко заедно со својата сестра Тина која била млада и убава. Убавата Тина еден ден сакал да ја грабне тамошниот бег. Браќата за да ја заштитат морале да побегнат од селото и преку планина се населиле на местото каде денеска се наоѓа Белотино. Во чест на нивната сестра Тина и ден денеска ова село се нарекува Белотино - по бела Тина како на галено ја нарекувале.
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Белотино се состоело од 12 семејства и 45 жители Македонци[2][3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Белотино имало 78 жители Македонци[2][4].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 72 Македонци и работело егзархиско училиште[2][5].
Во селото имало комитет на ВМРО, основен кон крајот на 1909 година од Христо Чернопеев, Михаил Думбалаков, Константин Самарџиев и Кочо Хаџиманов[6]. Во текот на Балканските војни селото било ослободено од страна на четите на Михаил Думбалаков и Кочо Хаџиманов[7].
Југословенски период
[уреди | уреди извор]По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Кралство СХС и подоцна Кралство Југославија. На 22 март 1922 година од страна на ВМРО биле организирани атентати врз српската полиција, од кој напади загинале десетина полицајци[8].
Во почетокот на септември 1944 година, во селото бил формиран народноослободителен одбор[8], додека во селото претходно бил формиран и Главен штаб на НОВ.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Претежно занимање на населението е земјоделство и сточарство. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 40 ха[9].
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[10]
Според пописот од 2002 година, во селото живеат 29 жители, сите Македонци.[11]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 13 жители, од кои 12 Македонци и 1 лице без податоци.[12]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 78 | 72 | 178 | 197 | 175 | 127 | 60 | 51 | 40 | 29 | 13 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 1769 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[17]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[18]
На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 14 гласачи.[19]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Ѓорѓи“
- Јанци, археолошко наоѓалиште од римско време.
Личности
[уреди | уреди извор]- Родени во Белотино:
- Ирена Лазарова — учесник во НОВ на Македонија.
- Починати во Белотино:
- Вангел Митев Костадинов (1893 - 1921), деец на ВМРО[20]
- Лазар Атанасов (1898 - 1921), деец на ВМРО[20]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 186-187.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
- ↑ Думбалаковъ, Михаилъ. Презъ пламъцитѣ на живота и революцията, томъ ІІ, София, 1937, стр. 88.
- ↑ Думбалаковъ, Михаилъ. Презъ пламъцитѣ на живота и революцията, томъ ІІ, София, 1937, стр. 172.
- ↑ 8,0 8,1 М. Пандевски и Г. Стоев-Трнката. „Струмица и Струмичко низ историјата“, Струмица, 1969, стр. 312.
- ↑ „Населено место - Белотино“. www.strumica.gov.mk. Посетено на 2013-05-04.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Парламентарни избори 2020“. Архивирано од изворникот на 2021-03-05. Посетено на 3 ноември 2020. line feed character во
|title=
во положба 21 (help) - ↑ 20,0 20,1 Михайлов, Иван. Спомени II. Освободителна борба 1919 - 1924, Льовен, 1965, стр. 706.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Репортажа Архивирано на 11 мај 2021 г.
![]() |
„Белотино“ на Ризницата ? |
|