Манастирово

Координати: 41°22′26″N 22°46′20″E / 41.37389° СГШ; 22.77222° ИГД / 41.37389; 22.77222
Од Википедија — слободната енциклопедија
Манастирово
Манастирово во рамките на Македонија
Манастирово
Местоположба на Манастирово во Македонија
Манастирово на карта

Карта

Координати 41°22′26″N 22°46′20″E / 41.37389° СГШ; 22.77222° ИГД / 41.37389; 22.77222
Регион  Југоисточен
Општина  Струмица
Област Подгорје
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО

Манастирово — историско село на територијата на Општина Струмица, на атарската граница меѓу селата между селата Банско и Габрово

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало географската област Подгорје, во северното подножје на Беласица.[2][3]

Историја[уреди | уреди извор]

Според преданијата на местото имало село Манастирово и манастир посветен на Свети Илија.[4] Јован Трифуноски претпоставува дека тоа може да било средновековно манастирско село, имајќи предвид дека во Струмичко има и друго такво село — Вељуса, чие име потекнува од манастирот „Пресв. Богородица Елеуса“.[2]

Постојат неколку преданија за иселувањето на селото. Според едно кое го раскажува Трифуноски, иселувањето е поврзано со настан кој се случил на Илинден (селскиот празник) кога двајца калуѓери се обиделе да грабнат убава девојка, но народот ги убил калуѓерите и потоа манастирот бил напуштен. Тогаш настрадало и селото, па жителите на Манастирово се иселило, прво основајќи ново село во Струмичкото Поле. Но бидејќи страдале од болести, жителите на новото село го напуштиле и се населиле во Моноспитово.[2] Марко Китевски дава друго предание, според кое селото е иселено во времето на Кирил и Методиј — средината на IX век. Според тоа предание, една девојка се заљубила во монах од манастирот „Св. Илија“, облекла машки алишта извесно време живеела со љубовникот во манастирот. Кога се разбрало дека во манастирот се вселила жена, настанала голема тревога и владиката заповедал манастирот да се изгори. Пламените го опфатиле и селото. Потоа населението се преселило во Моноспитово.[4]

Трифуноски го посетил местото во јули 1974 г. и нашол остатоци од гробишта и манастир и изобилство од добра вода за пиење, што според него е ретка појава за некои други делови на Струмичката Котлина.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Трифуноски, Јован Ф. (1976). „Расељена села у Струмичкој котлини“. Гласник Српског географског друштва. LVI (2): 75.
  3. По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  4. 4,0 4,1 Китевски, Марко (24 мај 2022). „Светите Кирил и Методиј – големите македонски и сесловенски просветители“. Денешен весник. Архивирано од изворникот на 12 февруари 2023. Посетено на 12 февруари 2023.