Владиевци
Владиевци | |
![]() Поглед кон Старо Владиевци | |
Координати 41°31′14″N 22°35′29″E / 41.52056° СГШ; 22.59139° ИГДКоординати: 41°31′14″N 22°35′29″E / 41.52056° СГШ; 22.59139° ИГД | |
Општина | Општина Василево |
Население | 684 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 27015, 27515 |
Надм. вис. | 289 м |
Слава | Пресвета Богородица |
Владиевци — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.
Географија[уреди | уреди извор]
Владиевци се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во западниот дел на Струмичка Котлина, чиј атар допира со територијата на Општина Радовиш и припаѓа на Општина Василево. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 11 километри. Низ селото поминува патот Струмица-Радовиш.
Надморската височина во селото е 289 метри додека селото зафаќа површина од 7,1 км2. Од нив 396,6 хектари се обработливо земјиште, 241,9 хектари се шуми и 9,6 се пасишта[1]
Историја[уреди | уреди извор]
Отоманско Царство[уреди | уреди извор]
Во текот на XIX век, селото било чисто македонско. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 245 жители Македонци[2][3].
Југославија[уреди | уреди извор]
По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. По крајот на Втората светска војна, Владиевци било вклучено во рамките на СР Македонија, во составот на СФРЈ.
Македонија[уреди | уреди извор]
По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево.
Демографија[уреди | уреди извор]
Во 1961 година селото имало 492 жители, од кои 460 Македонци и 25 Турци[4]. Во 1994 година во селото живееле 723 луѓе, од кои 718 Македонци и 5 Срби[1].
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 684 жители. Следува табела на националната структура на населението[5]
Националност | Вкупно |
Македонци | 679 |
Турци | 3 |
Роми | 0 |
Албанци | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
останати | 2 |
Институции и знаменитости[уреди | уреди извор]
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“
- ОУ „Гоце Делчев“
- Спортско игралиште
- Пошта
- Бензинска пумпа
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 1797 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на амбуланта.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 595 гласачи.[7]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр. 46.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160.
- ↑ Според изворот, бројот на Македонци и Турци не е еднаков со вкупниот број на население
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Општина Василево Архивирано на 25 јуни 2008 г.
![]() |
„Владиевци“ на Ризницата ? |
|