Василево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Василево
Vasilevo, Macedonia.jpg

Поглед кон Василево

Василево is located in Македонија
Василево
Местоположба на Василево во Македонија
Координати 41°28′33″N 22°38′30″E / 41.47583° СГШ; 22.64167° ИГД / 41.47583; 22.64167Координати: 41°28′33″N 22°38′30″E / 41.47583° СГШ; 22.64167° ИГД / 41.47583; 22.64167
Општина Општина Василево
Население 2174 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2414
Надм. вис. 208 м
Commons-logo.svg Василево на Ризницата

Василево — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица и седиште на општината.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Зградата на седиштето на Општина Василево
Дом на културата
Детски парк
Детска градинка „Прва радост“
Црквата „Св. Петка“

Подрачјето на Општина Василево се наоѓа во северозападниот дел на големата Струмичка Котлина, на природна патна комуникација Беломорие - Централен Балкан. Од главниот магистрален пат Струмица - Штип има мали разигнувања на исток и на запад. Околните планини Огражден, Еленица, Плавуш и Беласица имаат стратешко значење, кое убедливо ги потврдуваат историските настани во подалечното и поблиското минато, како и археолошките наоди во подрачјето на денешната Општина Василево.

Според географската положба, живописната и подородната Струмичка Котлина, во која се наоѓаат и населените места од Општина Василево, го зафаќа најјугоисточниот дел од Република Македонија, допирајќи на југ и на исток до државните граници со Грција и Бугарија. Котлината е заградена со планинските венци на Беласица, Огражден, Готен, Еленица и Плавуш, кои, всушност, ја дефинираат големата Струмичка област. Еден красноречив патописец, кој ја посетил Струмичката регија во 1921 година, меѓу другото, ќе запише: „Струмичката котлина, несомнено, е најпитомата, најплодородната и најживописната котлина во Македонија. Наедно, таа е и една од најгусто населените области во оваа земја...“

Надморската височина во селото е 208 метри додека селото зафаќа површина од 7,6 км2. Од нив, 630,3 хектари се обработливо земјиште, 48,9 хектари се пасишта [1]

Селото се граничи со Градошорци, Сушево, Доброшинци, Пиперево, Добрејци.

Историja[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Кон крајот на 19 век, како крупен чифлик-сајбија во селото се споменува Назлам-бег, чиј син за кратко време бил заробен од една македонска чета, водена од Гоце Делчев. Тој го држел како свој чифлиг селото Василево[2]. Кон 1866 година во селото било отворено првото училиште, додека кон 1895 година бил формиран месен комитет на ТМОРО[2].

Во текот на 19 век, селото било чисто македонско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, селото се состоело од 80 семејства и 298 жители Македонци[3][4]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 275 жители Македонци[3][5].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 224 македонски егзархисти и 24 Роми. Во селото функционирало и училиште[3][6].

По започнувањето на Балканските војни, од селото 4 лица биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.[7]

Југославија[уреди | уреди извор]

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. Во текот на Втората светска војна, партиската организација започнала со агитирање низ населението во Василево, за вклучување во редовите на партизаните, здобивајќи се со повеќемина симпатизери од селата. Веќе во почетокот на септември 1944 година бил формиран општински народноослободителен одбор[2]. По крајот на Втората светска војна, Василево било вклучено во рамките на СР Македонија, во составот на СФРЈ.

Македонија[уреди | уреди извор]

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според послениот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.174 жители и 550 домакинства. Следува табела на националната структура на населението во сите пописни години: [8]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 630
1953 612 3 88 8 7 718
1961 852 135 2 989
1971 1 108 213 9 2 1 332
1981 1 531 241 1 7 4 1 784
1991 1 750 346 6 3 2 105
1994 1 722 324 3 1 2 050
2002 1 819 349 6 2 174

Институции и знаменитости[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

  • Ефтим Јуруков, роден во 1873 година, член на ВМОРО
  • Арсо Кујумџиев, член на ВМОРО, градоначалник на Василево

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.48.
  2. 2,0 2,1 2,2 Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969.
  3. 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
  7. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 833.
  8. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]