Струмичко-радовишка Котлина

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Струмичка Котлина)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Струмичко-радовишка Котлина
Струмичка котлина (1).JPG
Поглед на Струмичкото Поле од падините на Беласица
Височина на тлото200
Географија
ПоложбаРепублика Македонија,
Нас. местаСтрумица, Радовиш


Струмичко-радовишка Котлина is located in Македонија
Струмичко-радовишка Котлина
Местоположба на Струмичко-радовишката Котлина во рамките на Македонија

Струмичко-радовишка Котлинакотлина во југоисточниот дел на Република Македонија, по горниот и средниот дел од сливот на река Струмица, во подрачјата околу градовите Струмица и Радовиш. Зафаќа површина од 1.482 км², а надморската височина се движи од 200 м до 1.881 м.

Настанок[уреди | уреди извор]

Поглед на Струмичкото Поле од с. Вељуса

Котлината е настаната тектонски, со спуштање на земјиштето долж раседните линии помеѓу планините Беласица на југ, Огражден, Плачковица и Готен на север и Плауш и Смрдеш на запад.[1]

Карта на Радовишко поле од 1930.

Опис[уреди | уреди извор]

Котлината се дели на три дела: Струмичко, Радовишко и Дамјанско Поле. Рамничарскиот дел има должина од 200 до 500 м и зафаќа површина од 29.000 ха (290 км²). Највисоко е Дамјанското Поле, а најниско е Струмичкото.

На север, кон планината Огражден најдолниот дел од котлината се извишува. На запад котлината е поврзана со малите полиња Попчевско и Костуринско по долината на Бела и Тркајна Река. На исток Струмичко Поле се стеснува и источно од Ново Село, помеѓу Беласица и Огражден, широчината е околу 2 км, за потоа реката Струмица преку Клучната Теснина да навлезе во Петричката Котлина (Пиринска Македонија).

По целата должина во подножјето на планините се наоѓаат фосилизирани дилувијални наноси, на кои се наоѓаат повеќе села и двете града: Струмица и Радовиш.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Котлината дава високи приноси на раноградинарски култури благодарение на изградените системи за наводнување. Од особено значење е Струмичкото Поле, кое е мошне плодно и богато.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. “. Македонска енциклопедија , книга : стр. 1452. (2009). Скопје: МАНУ.