Дукатино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дукатино
Dukatino (1).jpg

Влезот на Дукатино

Дукатино is located in Македонија
Дукатино
Местоположба на Дукатино во Македонија
Координати 41°32′36″N 22°32′39″E / 41.54333° СГШ; 22.54417° ИГД / 41.54333; 22.54417Координати: 41°32′36″N 22°32′39″E / 41.54333° СГШ; 22.54417° ИГД / 41.54333; 22.54417
Општина Општина Василево
Дукатино на општинската карта
Дукатино во Општина Василево.svg

Атарот на Дукатино во рамките на општината

Дукатино — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Црква во селото
Плевна во селото

Дукатино се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во северозападниот дел на Струмичка Котлина, чиј атар допира со територијата на Општина Радовиш и припаѓа на Општина Василево. Од најблискиот град Радовиш е оддалечен 16 километри, додека од Струмица е оддалечен 18 километри. Покрај селото поминува патот Струмица-Радовиш.

Надморската височина во селото е 376 метри додека селото зафаќа површина од 8 км2. Од нив 240,5 хектари се обработливо земјиште, 504,2 хектари се шуми и 22,3 се пасишта[1]

Историja[уреди | уреди извор]

Антички период[уреди | уреди извор]

Во околината на денешното село се наоѓаат археолошки остатоци од т.н. Градиште, Калата и Селиште и Чуј Петел. Според овие остатоци се смета дека селото постоело уште во античкиот период.

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Во текот на 19 век, селото било чисто македонско. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 230 жители Македонци[2][3].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 320 македонски егзархисти[2][4].

Во селото кон крајот на 1909 година бил основан комитет на ВМОРО од страна на Христо Чернопеев и Михаил Думбалаков, на чело со војводата Стамен Радовишки[5].

Југославија[уреди | уреди извор]

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. По крајот на Втората светска војна, Дукатино било вклучено во рамките на СР Македонија, во составот на СФРЈ.

Македонија[уреди | уреди извор]

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 497 жители. Следува табела на националната структура на населението[6]

Националност Вкупно
Македонци 447
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 3

На табелата е прикажан преглед на бројот на населението низ сите пописни години:[1]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 230 320 289 337 387 426 470 480 450 450

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.108.
  2. 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 234.
  4. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 138-139.
  5. Думбалаковъ, Михаилъ. Презъ пламъцитѣ на живота и революцията, томъ ІІ, София, 1937, стр. 70.
  6. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]