Радичево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Радичево
Radičevo.jpg

Поглед кон Радичево

Радичево is located in Македонија
Радичево
Местоположба на Радичево во Македонија
Координати 41°32′18″N 22°34′5″E / 41.53833° СГШ; 22.56806° ИГД / 41.53833; 22.56806Координати: 41°32′18″N 22°34′5″E / 41.53833° СГШ; 22.56806° ИГД / 41.53833; 22.56806
Општина Општина Василево
Население 590 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 281 м
Радичево на општинската карта
Радичево во Општина Василево.svg

Атарот на Радичево во рамките на општината

Радичево — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Дом на културата
Спортско игралиште

Радичево се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во Струмичка Котлина и припаѓа на Општина Василево. Покрај селото пооминува патот Струмица-Радовиш. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 15 километри.

Надморската височина во селото е 281 метри додека селото зафаќа површина од 8,7 км2. Од нив 426 хектари се обработливо земјиште, 322 хектари се шуми и 49 се пасишта[1]

Историja[уреди | уреди извор]

Антички период[уреди | уреди извор]

Ова населено место е познато по археолошкиот локалитет Грамади. Локалитетот претставува населба од доцноантичкото време. На 3 км југозападно од селото, на простор од 150 х 100 м се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди[2].

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Во текот на 19 век, селото било мешано. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 126 Македонци и 125 Турци[3][4]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 160 македонски егзархисти[3][5].

Југославија[уреди | уреди извор]

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС[6]. По крајот на Втората светска војна, Радичево билo вклученo во рамките на СР Македонија, во составот на СФРЈ.

Македонија[уреди | уреди извор]

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1961 година селото имало 407 жители. Во 1994 година во селото живееле 582 луѓе, од кои 562 биле Македонци, 15 Турци и 5 Срби[1].

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 590 жители. Следува табела на националната структура на населението[7]

Националност Вкупно
Македонци 575
Турци 12
Роми 0
Албанци 0
Власи 1
Срби 2
Бошњаци 0
Други 0

Институции и знаменитости[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.241.
  2. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 234.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 138-139.
  6. Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969.
  7. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]