Нивичино
| Нивичино | |
| Координати 41°36′0″N 22°40′28″E / 41.60000°N 22.67444°E | |
| Општина | Василево |
| Население во атар1 | 0 жит. (поп. 2021)[1] |
| Шифра на КО | 27044 |
| Надм. вис. | 650 м |
Објаснувања за населението 1 Државниот завод за статистика го пресметува населението врз основа на бројот на жители кои живеат во рамки на атарот на населеното место
| |
Нивичино — раселено село во Општина Василево, во околината на градот Струмица. Денес е раселено и од него остануваат мошне малку градби.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа северно од Струмица, на планината Готен.
Во рамките на селскиот атар на Нивичино се наоѓаат следниве топоними: Ѓурѓевите Валти, Јазовите Дупки, Јанев Преслап, Јованова Ридина, Јуручка Ридина, Јуручки Преслап, Љута Могила, Ќора Магирски Чукар, Азмак, Балтако, Барутови Горници, Безгашево, Белиот Камен, Бело Слеме, Бечкови Трла, Боѓова Глава, Бобишта, Богданов Рид, Борај, Брдаревец, Брестов Кладенец, Брестова Ридина, Брестово Брдо, Булучето, Вкова Полена, Војво Рид, Велкови Ниви, Виорит, Воден Камен, Волозите, Врбата, Врлата Страна, Вртен Камен, Габрачка Чукара, Говедарник, Голем Осој, Грамада, Дабова Ридина, Дебела Папра, Дедова Страга, Дзијот Рид, Долга Нива, Драгомирец, Друмот, Езеро, Елезов Чукар, Еленска Скала, Железен Дол, Зимовник, Змачка Ридина, Каљата, Камено Брдо, Каменска Чука, Кетлови Скали, Комарова Дупка, Кондејчица, Коритцата, Кочините, Крушје, Крушата, Куклата, Кучов Рид, Лешката, Мал Гарван, Малицата, Марин Крст, Миндалов Чукар, Миндалот, Мртвако, Муралија, Огорелица, Орешје, Орлов Камен, Орница, Пандурски Кладенец, Партизанска Валта, Пашкулица, Пашкулов Волок, Песоците, Пилева Ридина, Плоскачо, Плочите, Попова Ширина, Преслапот, Присој, Прчината, Рајански Гробишта, Рајанци, Раздолот, Рамната Ридина, Рамначина, Раскрсница, Решково Гумно, Рждата, Садачка Ридина, Само Дабче, Светили Дабје, Селиште, Село, Слезов Чукар, Стари Трли, Старите Лозја, Три Камена, Трнаците, Трнка, Трската, Церот, Црвеника, Црквени Скали, Црквичката, Црквиште, Црните Трња, Ченицата, Чешмичката, Чуката, Шајак, Шиндевица, Шипков Рид, Шипок, Штулевец, Шумаците.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Нивичин (Nivitchine) е село сп 35 домаќинства сочинети од 124 Македонци.[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Нивичено има 165 жители, сите Македонци христијани.[5]
Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Нивичино имало 224 Македонци под врховенството на Цариградската патријаршија.[3][6]
Во селото и неговата околина дејствувала Нивичанската чета предводена од револуционерот Атанас Цонев. Освен против отоманските власти, таа се борела и против врховистите кои минувале низ селото. Попозната акција во која учествувала четата е аферата „Мис Стон“.[7]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Демографија
[уреди | уреди извор]Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[8]
Од 1994 година, селото е наполно раселено и нема жители. Најголем број на население било забележано во 1953 година, за понатаму да почне постепено да опаѓа. На табелата е прикажан преглед на населението во сите пописни години:
| Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Население | 165[5] | 224[6] | 353 | 380 | 341 | 302 | 61 | 5 | — | — | — |
Родови
[уреди | уреди извор]Според истражувањата од 1928 година, родови во селото.
- Староседелци: Николовци со Пецовци, Василевци, Аврамовци, Витановци, Рујковци и Стоиловци (15 к.), Цоневци (5 к.), Масларци со Костадиновци (7 к.), Цековци со Јовановци, Трајановци и Димитријевци (5 к.)
- Доселеници: Гоцевци (4 к.), Малиновци (3 к.) и Ристовци (2 к.) доселени се во 1913 година од раселеното село Рајанци, се наоѓало помеѓу Струмичко и Радовишко.[9]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1808 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Висока Маала.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 430 гласачи.[11]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Цркви
- Црква „Св. Илија“ од XIX век
Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]- Атанас Цонев - Нивички (1857 - по 1943) — македонски револуционер
- Димитар Нивичанов или Нивичански (ок. 1896 - по 1975) — офицер во Бугарија, активен во македонската емиграција во Бугарија
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Агенција за катастар на недвижности“. Архивирано од изворникот на 2025-01-11. Посетено на 2026-05-05.
- 1 2 Како што е општопознато, Македонците во отоманскиот период од различни автори, но особено во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 186–187. ISBN 954-8187-21-3.
- 1 2 Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 161. ISBN 954430424X.
- 1 2 Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905. pp. 106-107
- ↑ Костадин Кајдамов, „Илинденски настани во Струмичко“, Скопје, 2003.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“. Архивирано од изворникот на 2023-08-18. Посетено на 2024-02-09.
- ↑ Русиќ, Бранислав. Радовишка Област. Архивиски фонд на МАНУ к-9,AE 116/II I.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 6 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 6 ноември 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Нивичино на Ризницата- Селото на војводата Атанас Цонев-Брадата Нивичино, ја чува тајната за последните денови од заложништвото на Мис Стон, Дрнка.мк, 24 мај 2020 г.
| ||||||||||||||||


