Автопат А4 (Македонија)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Автопатот А4 („Гоце Делчев“) е 47 километарска делница од Миладиновци до Штип. Автопатот е дел од подолгиот национален пат А4, кој ги поврзува ГП Блаце со ГП Ново Село. Од Штип продолжува како експресен пат до Радовиш, кој може во иднина да се надогради, додека 13 километарската делница од скопската обиколница до ГП Блаце е во фаза на изградба. Има најави за идно автопатно поврзување и меѓу Струмица и ГП Ново Село.