Три Води
Три Води | |
Координати 41°23′44″N 22°37′54″E / 41.39556°N 22.63167°E | |
Општина | Струмица |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 27070 |
Надм. вис. | 420 мнв м |
![]() |
Три Води — село во Општина Струмица.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Три Води се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 6 километри.
Надморската височина во селото е 420 метри а површината на селото изнесува 712 ха.
Селото се граничи со Куклиш, Раборци, Орманли, Костурино, Струмица.
Историја
[уреди | уреди извор]Во османлиско време, селото претставувало чифлик на Зеин Усеин-бег од Радовиш а подоцна на Исим-ќаја. Во текот на 1904 година по одлука на окружниот комитет на ВМОРО биле запалени зградите во чифликот со селото. За извршување на овие дејства биле задолжени учителите Петар Хаџи Јорданов и Костадин Самарџиев. Иако во акцијата учествувала и селска милиција, палењето на чифликот било прикажано за дело само на четите. Поради тоа кајмакамот само привремено затворил некои селани, од кои меѓутоа, не успеал да извлече ништо поконкретно за оваа акција.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Претежно занимање на населението е земјоделство. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 23 ха[2].
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[3]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 12 жители и 4 домаќинства, сите Македонци.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 85 | 72 | 135 | 160 | 194 | 121 | 34 | 25 | 16 | 12 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Елисавета“
- Викенд населба
- Три извори на сред село
Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]- Ѓорги Митушев
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Населени места во Струмица“. http://www.strumica.gov.mk. Посетено на 2013-05-05. Надворешна врска во
|publisher=
(help) - ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|