Свидовица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Свидовица
Svidovica - Strumica (2).jpg
Свидовица is located in Македонија
Свидовица
Местоположба на Свидовица во Македонија
Координати 41°23′26″N 22°41′53″E / 41.39056° СГШ; 22.69806° ИГД / 41.39056; 22.69806Координати: 41°23′26″N 22°41′53″E / 41.39056° СГШ; 22.69806° ИГД / 41.39056; 22.69806
Општина Општина Струмица
Население 325 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 250 м
Commons-logo.svg Свидовица на Ризницата

Свидовица е село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Куќа во селото

Свидовица се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во подножјето на планината Беласица, југоисточно од градот Струмица, во непосредна близина на село Куклиш. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 9 километри.

Надморската височина во селото е 250 метри а површината на селото изнесува 1205 ha.

Селото се граничи со Куклиш, Сачево, Дорломбос, Муртино, Булунтули.

Историja[уреди | уреди извор]

Според една стара легенда, за време на Битката на Беласица во 1014 година, во редовите на самуиловата војска имало и многу војници од Струмичката област, како и од тогашното село Ораше (денешна Свидовица). Во оваа крвава битка загинале сите мажи од селото Ораше. Жените останале вдовици или на српски (сви-вдовици). Легендата вели дека со комбинација на тие два збора, тогашното село Ораше било преименувано во денешна Свидовица[1].

Кога овие простори биле завладеани од Османлиите, селото Свидовица станало чифлик. Христијанското население било истиснато од муслиманите, поради што морало да се пресели во соседното село Куклиш. Така Свидовица било чисто турско село до Првата светска војна кога голем број од муслиманското население се вратило назад во Турција.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Свидовица се состоело од 400 жители Македонци[2][3]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Свидовица имало 1350 жители Македонци[2][4].

Економија[уреди | уреди извор]

Претежно занимање на населението е земјоделие и сточарство. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 331 ha[5].

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис од 2002 година, во Свидовица живеат 325 жители[6] и претставува средна по големина населба, со континуирано намалување на бројот на жители.

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 588
1953 198 442 5 645
1961 285 35 5 1 326
1971 330 33 1 364
1981 329 26 3 358
1991 326 45 371
1994 314 38 352
2002 309 16 325

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

селото постои изборно место бр. 1836 според Државната изборна комисија, кое е сместено во објектот на основно училиште с.Свидовица.

На претседателски избори 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 264 гласачи.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.strumicacity.com/2015/12/25/%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BE%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BB%D0%B5%D0%B3%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D1%81%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%86%D0%B0/
  2. 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 186-187.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 159.
  5. „Населени места во Струмица“. http://www.strumica.gov.mk. конс. 2013-05-05. 
  6. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  7. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]