Свила

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пеперутки кои се развиле од кокона, илустрација од лексиконот Meyers Konversations Lexikon (1885-1892)

Свила или коприна[1] — природно белковинско влакно, што може да биде исткаено во текстил. Најпознатиот тип на свила се добива од чаури, кожурци и ларви на свилената буба (Bombyx mori), кои се одгледувани во заробеништво. Свилата има сјаен изглед, заради кој е и ценета, а кој потекнува од триаголната структура, ѝ овозможува на свилената ткаенина да ја прекршува светлината од различни агли.

Свилата ја прават и неколку други инсекти, ама единствено свилата од гасениците од пеперутки се користи во текстилното производство. Истражувани се и други свили кои се разликуваат на молекуларно ниво. Свилата главно се произведува од ларви на инсекти кои завршуваат со метаморфоза. Производството на свила е посебно вообичаена кај Хименоптерите (пчели, оси и мравки) и некогаш ја користат за правење гнезда. Други видови на Артроподи прават свила, најчесто разни Аракниди како што се пајаците.

Дива свила[уреди | уреди извор]

Дивата свила се произведува почесто од гасеници, отколку од свилените буби, кои можат да бидат вештачки култивирани. Варијациите на дивата свила познати се и користени во Кина, Јужна Азија и Европа уште од многу одамна, ама производството секогаш било значително помало од производството на култивираната свила. Се разликуваат од припитомените варијации во бојата и текстуата. Чаурите кои се собрани во дивината често веќе се оштетени со развојот на пеперутката пред да бидат собрани, па така третираниот свилен конец е пократок поради раздвојувањето на чаурите т.е. кожурците.[2] Дивата свила потешко се бои отколку свилата од култивираните свилени буби.

Историја[уреди | уреди извор]

Почетоците на производството на свилата датираат од 6000 до 3000 години п.н.е. Заради големата вредност, Кинезите под закана со смртна казна ја чувале тајната за свилата. Постепено свилата од Кина преку Тајланд и Индија се проширила во југоисточна и јужна Азија, а во Европа ја донеле византиските монаси, така што, според легендата, ги скриле кожурците во бамбусови стапови.

Кинески цртеж на свила од 17 век.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „коприна“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Sindya N. Bhanoo (20 мај 2011). „Silk Production Takes a Walk on the Wild Side“. New York Times. Архивирано од изворникот на 9 ноември 2012. Посетено на 26 мај 2011.

Хемиски особини[уреди | уреди извор]

Свилата е составена од аминокиселината GLY-SER-GLY-ALA-GLY и со облик на бета набрчкани листови. Внатрешниот ланецна Н-врската е формиран над и под рамните мрежи на Н-врската. Фибронската молекула се состои од седумнаесет аминокиселини меѓусебно поврзани во молекула со биополимери. Од аминокиселини најмногу се затапени глицин, аланин, серин и тирозин. Првите три киселини сочинуваат 90% од сите аминокиселини на фиброинот. Исто така мала е и содржината на цистин, глутаминска и аспарагинска киселина.

Структурна формула на свила

Високата содржина на глицерин, од 50%, дозволува тесно пакување на влакна, кои се цврсти и издржливи на растегнување. Влечната сила е поради ковалентните пепидни врски, патем белковинската форма на бета листовите, кога е развлечена силата се префрлацва на овие цврсти врски и тие пукаат.

Хемиски састав на сировата свила зависи од расата на свилената буба, исхраната, климата и другите услови на одгледувањето. Свилата е отпорна на повеќето минерални киселини, но е се разложи во сумпорна киселина. Наклонета е на пожолтување при допир со пот. Поради голема асорпциска способност фиброинот бргу и многу добро ја впива потта, но истовремено бргу се заситува со неа и се создаваат „потни дамки“ на кои облеката бргу се кине. Фиброинот како и кератинот се постојани спрема дејството на микроорганизмите – габички и бактерии кои предизвикуваат интезивно разградување нау целулозни влакна.

Одлики на свилата[уреди | уреди извор]

Свила како текстилно влакно има многу добри и здравиквалитети. Многу е пријатна за кожата, ја оделува топлината вишокот на влага, има многу голема натегна трдост (во истидимензии посилна е од челик, се користи кај надзвучните авиони, гуми кај професионалниот велосипедизам итн.), имаат голема растегливост (околу 20-25%), чистата свила е тешко запалива, изолатор е и здрав материјал бидејќи е антиалергик. Свилената постелнина ги одбива микроорганизмите.

Свилата како мотив во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. Текст за свилата на страницата „Информации за Кини“ ChinaINFO Архивирано на 5 јануари 2010 г.
  2. Креативно хоби Архивирано на 4 април 2010 г.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. [Haustor 1981. 1984. 1985. 1988. City Records, 2006.
  2. Антена, број 841, 8.8.2014, стр. 18.