Алесандро Барико

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Алесандро Барико (италијански: Alessandro Baricco), (1958, Торино - ) е современ италијански писател (прозаист и драматург) и есеист.

А. Барико

Биографија[уреди | уреди извор]

Алесандро Барико е роден во Торино во 1958 година. Заедно со неколку пријатели, во Торино ја основал „Школата Холден“ во која се изучуваат различни видови раскажување во повеќе жанрови - книжевност, филм, новинарство, сликарство.

Творештво[уреди | уреди извор]

Барико се стекнал со меѓународна слава со својата повест „Свила“ (Seta), која во 2000 година е издадена на македонски јазик од страна на издавачката куќа „Еуроклиент“, а во превод на Лилјана Узуновиќ.

Поважни дела на Барико се следниве:[1]

  • Замоци на гневот (роман), 1991
  • Генијот во фуга (есеи), 1992
  • Душата на Хегел и кравите од Висконсин (есеи), 1992
  • Океан море (роман), 1993
  • Дваесеттиот век (драма), 1994
  • Барнум - Хроники од Големото шоу (статии), 1995
  • Свила (краток роман), 1999

За своето творештво, Барико добил неколку меѓународни книжевни награди, како што се:

  • Наградата "Кампиело"
  • Наградата "Медичис"
  • Наградата "Виjареџо"
  • Наградата "Палацо дел Боско"


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Алесандро Барико, Свила. Скопје, Еуроклиент, 2000.