Еднокуќево
| Еднокуќево | |
Воздушен поглед на селото | |
| Координати 41°25′55″N 22°43′59″E / 41.43194°N 22.73306°E | |
| Регион | |
| Општина | |
| Област | Струмичко Поле |
| Население | 634 жит. (поп. 2021)[1] |
| Пошт. бр. | 2431 |
| Повик. бр. | 034 |
| Шифра на КО | 27029 |
| Надм. вис. | 212 м |
Еднокуќево — село во Општина Босилово, во областа Струмичко Поле, во околината на градот Струмица.
Потекло и значење на селото
[уреди | уреди извор]
Името на селото првпат е запишано како Еднокуќани или Една - куќа во пишани документи во XVI век (1519 г.) и низ годините се сретнува под слични варијанти (Једна Куќа, Еднокукево, Единакеј). Името доаѓа од една куќа образувано со суфиксот -ово,[2] па така името всушност е сложенка од зборовите „еден“ и „куќа“ со помош на наставката -ево. На грчки, името на селото е „ена спити“ – („една куќа“). Името на селото се совпаѓа со името на соседното Моноспитово. Со тоа име селото постои од неговото основање, па сѐ до денешни дни. Месното население селото го нарекува со формата Еднокуќево.[3]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во средишниот дел на рамништето на Струмичкото Поле, на алувијалниот простор на реката Струмица, недалеку од патот Струмица-Ново Село. Селото е сместено во јужниот дел на подрачјето на Општина Босилово.[4] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 212 метри. Од градот Струмица, селото е оддалечено 7 километри.[4]
До селото може да се стигне преку локални асфалтирани патишта од државниот пат А4 со исклучување пред селото Босилово или од регионалниот пат 1404 преку селото Муртино.
Историја
[уреди | уреди извор]По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од 2,3 километри квадратни. На него речиси целосно преовладува обработливото земјиште.[4]
Во минатото во селото работела земјоделска задруга,[4] а денес во него има продавници.
Население
[уреди | уреди извор]Население во минатото | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград се вели дека во 1873 година, селото се состоело од 50 семејства и сите биле утврдени како Македонци.[5][6] Но, овој факт е погрешен бидејќи во селото во овој период живеело исклучиво турско население.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 650 жители Турци.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци и 150 Турци.[8]
Селото е средно по големина и во 1961 година броело 501 жител, од кои 286 биле Македонци, а 115 жители Турци, додека во 1994 година бројот се зголемил на 654 жители, од кои 535 биле Македонци, а 119 биле Турци.[4]
Според пописот од 2002 година, селото Еднокуќево броело 678 жители, од кои 557 Македонци, 107 Турци и 14 останати.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 634 жители, од кои 473 Македонци, 127 Турци, 6 Роми, 1 Србин и 27 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
| Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Население | 650 | — | 426 | 511 | 501 | 504 | 577 | 668 | 654 | 678 | 634 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]
- ПУ „Гоце Делчев“ - подрачно основно училиште за ученици од прво до петто одделение во состав на ОУ „Гоце Делчев“ - Босилово
- Дом на културата
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Во XIX век, Еднокуќево било село во Струмичката Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Босилово, која била една од ретките што останала непроменета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Босилово.
Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струмица. Селото припаѓало на некогашната општина Босилово во периодот од 1955 до 1962 година.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Босилово, во која покрај селото Еднокуќево, се наоѓале и селата Босилово, Гечерлија, Дабиле, Дрвош, Петралинци, Робово, Сарај, Старо Балдевци и Хамзали. Во периодот 1950-1952 постоела Општина Босилово во која влегувале селата Босилово и Еднокуќево.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 1814 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 539 гласачи.[16] На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 542 гласачи.[17]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Цркви[18]
- Црква „Св. Кирил и Методиј“ — главна селска црква.
- Џамии[18]
- Џамија — главна селска џамија.
- Главната селска црква
- Селската џамија
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 91. ISBN 978-608-220-026-2.
- ↑ КОЛЕТКТИВНАТА МЕМОРИЈА ЗАЧУВАНА ВО ТИПИЧНИТЕ ОБИЧАИ И ТРАДИЦИИ НА ОПШТИНА БОСИЛОВО
- 1 2 3 4 5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 120. Посетено на 15 февруари 2026.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во отоманскиот период од различни автори, но особено во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 15 февруари 2026.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Парламентарни избори 2020“. Архивирано од изворникот на 2021-03-05. Посетено на 3 ноември 2020.
- 1 2 Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Еднокуќево на Ризницата ?
| ||||||||||||



