Мерата (Баница)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мерата
археолошко наоѓалиште
Мерата is located in Археолошки локалитет во Македонија
Мерата
Мерата
(Грешка во скриптата: Нема модул наречен „Location map/old“.)
Местоположба 41°26′43″N 22°36′29″E / 41.44528° СГШ; 22.60806° ИГД / 41.44528; 22.60806Координати: 41°26′43″N 22°36′29″E / 41.44528° СГШ; 22.60806° ИГД / 41.44528; 22.60806
Основни податоци
Име Мерата
Место Баница
Општина Струмица
Тип

Археомак 2.0 графички знак (терма).svg терма

Период доцноантичко време
Портал „Археологија“  • Проект „Археомак“

Мерата — археолошко наоѓалиште во селото Баница, Општина Струмица. Претставува термален објект од доцноантичкото време. Во 1990 година, при копањето на темели за подигање на приватна куќа, во самото село, во местото наречено Мерата биле откриени остатоци од темели на ѕидови. Веднаш потоа Заводот и музеј во Струмица извршил заштитно ископување.

На длабочина од 0,50 м се констатирани темели од ѕидови што се протегале во југоисточен и северозападен правец, односно станувало збор за поголем објект од термален карактер, кој според начинот на градењето и внатрешната организација отстапува од вообичаените доцноантички бањи. Термалниот простор го сочинуваат четири простории. Тепидариумот има основа впишан крст во квадрат, со делови од хипокауст од кој се зачувани столпчиња од неправилни квадратни суспензури, како и делови од префурниум.

Комуникацијата меѓу просториите не била утврдена, а исто така и главниот влез кој би требало да се наоѓа на источната страна. Присутни се и секундарни преградувања со ѕидови од камен и кал[1].

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069