Струмин гроб
„Струмин гроб“
| |
| |
Местоположба | 41°26′57″N 22°36′33″E / 41.44917° СГШ; 22.60917° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Баница |
Општина | Струмица |
Тип |
|
Период | среден век |
хеленистичко време | |
Портал „Археологија“ |
Струмин гроб — средновековен или антички гроб, кој се наоѓа на околу 3 километри западно од градот Струмица, во близина на селото Баница. Гробот има мавзолеен изглед и се состои од деветслоен делкан бигор.
Легенда
[уреди | уреди извор]Гробот е висок 230 см, широк 240 см и долг 400 см. За настанувањето на гробот постојат три легенди:
- според првата, во гробницата е сместена Струма, сестрата на Крале Марко;
- според втората, гробницата припаѓала на принцот Персеј, роднина на Александар Македонски;
- според третата, ова е гробница на Струма, ќерка на некој заповедник на Словените на Струмичката област. Гробот што се наоѓа во непосредна близина на селото Баница и денеска сведочи за легендата за убавата Струма која го предала својот татко заради љубовта кон еден од војсководците кои сакале да го потчинат нејзиниот народ. Оваа легенда вели дека градот бил опсаден од силна византиска војска, но не успевале никогаш до тогаш да го освојат. Тогаш се случило предавство на Струма, која била вљубена во византиски војсководец и му ја открила тајната за неосвоивoто, Струмичко кале. Византијците ја освоиле тврдината, а таткото ја проколнал ќерка си: кога ќе умре, земјата девет пати да ја исфрла од гробот.[1][2]
Деветте слоеви делкан бигор, легендата ги поврзува со деветте исфрлувања и погребувања на Струма. Но, дали една од овие легенди е точна или гробот си има своја посебна историја, не се знае.
Изградбата на овој гроб можно е да припаѓал и на турски поглавар од средновековниот период. Тоа го поткрепиле и археолошките истражувања извршени во 1983 година кога овде биле пронајдени остатоци од гробови од исламскиот период. Иако сè уште не е докажано, можно е гробот да е на некојси верски водач или поглавар на исламската заедница.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Црква Свети Ѓорги — средновековна црква и некропола
- Баница — некропола од доцноантичко време
- Мерата — термален објект од доцноантичкото време
- Список на археолошки наоѓалишта во Струмичко
Наслов
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Струмин гроб — Историски споменици на Струмица[мртва врска]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 401. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ /www.kralemarko.org.mk
„Струмин гроб“ на Ризницата ? |
|