Црква „Св. Димитриј“ - Струмица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Св. Димитриј Солунски
Карта
МестоСтрумица
ЗемјаМакедонија
Историја
Основач(и)Цариградска патријаршија
Посветена наСвети Димитриј Солунски
Осветена19 век
Архитектура
Урната1922

Црквата Св. Димитриј — поранешна патријаршиска црква која се наоѓала во градот Струмица, Македонија.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата била изградена во текот на 19 век и била под контрола на Цариградска патријаршија, и претставувала седиште и соборна црква на грчкиот митрополит. Во близина на црквата се наоѓало грчко училиште. Во 1869 година градот Струмица бил зафатен од пожар, во кој настрадала и самата црква[1]. Црквата во следните години била обновена. Еден изворен податок сведочи дека за нејзиното обновување биле потрошени околу 4.000 турски лири, „собрани од струмичкиот христијански народ“[2].

По крајот на Балканските војни, градот Струмица бил опожарен од страна на грчките сили, кои пред да се повлечат од градот меѓу другото ја опожариле и самата црква.

Во 1922 година црквата била целосно разрушена. Денеска, на нејзините темели се наоѓа ОУ „Маршал Тито“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969, стр. 147.
  2. Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969, стр. 158.