Струмичанка под маска
| Струмичанка под маска | |
|---|---|
| Координати | 41°26′20.1″N 22°38′16.2″E / 41.438917°N 22.637833°E |
| Место | Плоштад „Гоце Делчев“ |
| Проектант | Наташа Божарова - Пијанманова |
| Материјал | бронза |
| Отворен | 10 декември 2010 |
| Посветен на | Струмички карневал |
Струмичанка под маска — споменик на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, кој ја претставува карневалската традиција како важен елемент на културниот идентитет на градот и неговите жители.
Споменикот е поставен на платото од плоштадот, како дел од реконструкцијата на градскиот плоштад, која официјално завршила на 10 декември 2010 година. Автор на споменикот е македонската вајарка Наташа Божарова – Пијанманова.[1], а самиот споменик го симболизира значењето на Струмичкиот карневал за градот.[2] Изработен од бронза, споменикот му е посветен на познатиот струмички карневал кој традиционално секоја година се оджува по повод тримерските празнувања и почетокот на големите велигденски пости.
Бронзената фигура, изработена во природна големина, во едната рака држи карневалска маска, а во другата знаме со релјеф на грбот на Струмица. На четирите страни од мермерното постолје се испишани податоци за надморската височина, географската широина и други корисни информации поврзани со Струмица и регионот.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Ликот на жената
- Карневалската маска
- Поглед кон предниот дел на статуата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „www.kurir.mk“. Архивирано од изворникот на 2010-12-10. Посетено на 2010-12-12.
- ↑ „Канал 5: Жена под маска во провокативна облека на сред Струмица“. Архивирано од изворникот на 2024-12-22. Посетено на 2010-12-12.
| Оваа статија поврзана со Струмица е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||