Прејди на содржината

Споменик Македонија (Струмица)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Споменик „Македонија“
Поглед кон споменикот „Македонија“
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Македонија Струмица" does not exist
Општи податоци
ГрадСтрумица
ЗемјаМакедонија
Координати41°26′35.6″N 22°38′15.4″E / 41.443222°N 22.637611°E / 41.443222; 22.637611
Почната2005
Технички податоци
Големина5,8 м
Проектирање и изградба
АрхитектГригориј Потоцки

Споменик „Македонија“ — споменик кој се наоѓа во Градскиот парк во Струмица. Споменикот бил изграден во чест на загинатиот Претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, кој бил роден во Струмица.

Автор на скулптурата „Македонија“ е рускиот вајар Григориј Потоцки. Истата била изработена во рамките на „Меѓународната струмичка ликовна колонија - 2005“.[1]

Споменикот се состои од ликот на Борис Трајковски и жена која држи крст со венец. Ова уметничко дело според авторот Потоцки ја симболизира љубовта на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски кон својата татковина и христијанството.

Споменикот бил откриен од страна на Претседателот на Собранието на Република Македонија, Љупчо Јордановски и Градоначалникот на Општина Струмица Зоран Заев, на 11 декември 2005 година, по повод Денот на заштитниците на Струмица Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици.

На мермерната плоча на споменикот е испишана познатата изрека на претседателот Б.Трајковски:

Сите заедно споделуваме една единствена судбина наречена Македонија...

Галерија

[уреди | уреди извор]