Спортски центар „Пандев“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Спортски центар „Пандев“
Место Струмица, Македонија
Отворен 7 ноември 2020
Сопственик ФК Академија Пандев
Подлога Трева
Игра ФК Академија Пандев
Гледачи 400

Спортскиот центар „Пандев“ е спортски објект во Струмица кој сè уште е во тек на изградба. Центарот е предвиден да биде мултифункционален објект. Тој е иницијатива на македонскиот фудбалер Горан Пандев. Објектот се наоѓа кај градскиот парк, во близина на Спортската сала „Парк“ и стадионот „Благој Истатов“. По неговата изградба, истиот треба да служи за потребите на младинците и сениорите на ФК Академија Пандев.

Покрај фудбалското игралиште, за потребите на фудбалерите, центарот, меѓу другото, во внатрешноста треба да содржи сместувачки соби, фитнес и спа-центри, но и ресторан. Идејното решение на објектот е направен според италијански стандарди.[1] Теренот на центарот е со природна трева, а единствената трибина треба да добие 400 седишта за публика.

Изградбата на центарот започнала во јули 2014 година. На прес-конференција во 2017 година било соопштено дека целиот проект чини 4,6 милиони евра.[2] За време на поставувањето на камен-теленикот за центарот во 2014-та, Пандев најавил дека објектот треба да биде готов за околу една година од тогаш.

Во 2019 година за првпат бил одигран натпревар на фудбалскиот терен од сè уште неизградениот центар. На 10 февруари тимот на Пандев во контролен натпревар се сретнал со најтрофејниот македонски клуб Вардар. Во игра со формат од две полувремиња од по 60 минути, Академијата ги победила гостите со резултат од 6:1. Натпреварот се одиграл пред околу 300 гледачи.[3]

На 7 ноември 2020 година, во рамките на Првата лига 2020/21, Академија Пандев заиграл на својот терен во Спортскиот центар Пандев кој станал негов траен домашен терен.[4][5][6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пандев почна да го гради спортскиот центар во Струмица“. МКД.мк. 1 јули 2014. Архивирано од изворникот на 2021-06-10. Посетено на 9 ноември 2019.
  2. „Спортскиот центар на Пандев чини 4,6 милиони евра, ќе биде готов до март“. gol.mk. 27 јуни 2017. Посетено на 9 ноември 2019.
  3. „Вардар „потопен", „пандевци" за 120 минути му дадоа шест гола на вицешампионот“. gol.mk. 10 февруари 2019. Посетено на 9 ноември 2019.
  4. „Делегирање 11. коло“ (PDF). Фудбалска федерација на Македонија преку web.archive.org. 5 ноември 2020. Архивирано од изворникот на 2020-11-11. Посетено на 11 ноември 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  5. „Грандиозниот спортски центар на Пандев подготвен за првиот меч во ПМФЛ!“. gol.mk преку web.archive.org. 5 ноември 2020. Архивирано од изворникот на 2020-11-11. Посетено на 11 ноември 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  6. „Струмичкото дерби за историја: Прв прволигашки меч на спортскиот центар „Пандев". ekipa.mk преку web.archive.org. 7 ноември 2020. Архивирано од изворникот на 2020-11-11. Посетено на 11 ноември 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)