Стадион „Благој Истатов“

Стадионот „Благој Истатов“ — фудбалски стадион во Струмица. Сместен е во Градскиот парк, во околината на повеќе спортски објекти. Стадионот е под концесија на ФК Беласица. Тој е изграден во 1950 година. Со реконструкцијата од 2017 година има сместивост за повеќе од 7 и пол илјади гледачи. До 2019 година стадионот го носи името „Младост“, а познат е и како Градски стадион Струмица.
„Благој Истатов“ денес е модерен стадион и според стандардите на УЕФА исполнува услови за квалитетни натпревари од висок ранг, единствен таков во државата заедно со Националната арена.[1] Покрај матичната Беласица, на стадионот своите натпревари ги игра и ФК Академија Пандев. Националната репрезентација на Македонија во неколку наврати има одиграно меѓународни натпревари овде.
Меѓународни натпревари
[уреди | уреди извор]- Списокот не е целосен и претставени се само меѓународните натпревари на ФК Беласица по 1991 година и на Македонската репрезентација.
| Датум | Натпреварување | Противник | Резултат | ||
|---|---|---|---|---|---|
| ФК Беласица | |||||
| — | Квалификации за УЕФА куп 2002/03 | 2–2 | |||
| — | Квалификации за УЕФА куп 2003/04 | 0–5 | |||
| Фудбалска репрезентација на Македонија | |||||
| 12 април 1995 | пријателски натпревар | 0–0 | |||
| 10 февруари 2009 | пријателски натпревар | 3–0 | |||
| 5 септември 2017 | Квалификации за СП во фудбал 2018 | 1–1 | |||
| 9 октомври 2017 | Квалификации за СП во фудбал 2018 | 4–0 | |||
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Што доби Македонија со реконструкцијата на „Младост": Нов претставителен објект за европски натпревари“. ekipa.mk. 15 септември 2017. Посетено на 7 ноември 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- „Спортски објекти“ - стадион „Младост“. www.strumica.gov.mk - официјално мрежно место на општина Струмица.
| Оваа статија поврзана со фудбалот е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||