Прејди на содржината

Катастарска парцела 3730 (Струмица)

Координати: 41°26′09.1″N 22°38′14.7″E / 41.435861° СГШ; 22.637417° ИГД / 41.435861; 22.637417
Од Википедија — слободната енциклопедија
Катастарска парцела 3.730

Карта

Местоположба 41°26′09.1″N 22°38′14.7″E / 41.435861° СГШ; 22.637417° ИГД / 41.435861; 22.637417
Основни податоци
Место Струмица
Општина Струмица
Тип

 некропола


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Катастарска парцела 3.730археолошко наоѓалиште во Струмица, Општина Струмица.

Претставува некропола од доцноантичко време. Во централното градско јадро, во парцелата сопственост на Трајко Атанасов, што се наоѓа на аголот од улиците „Боро Џони“ и „Херој Карпош“, со машинското копање за темели на станбен објект биле откриени и делумно уништени неколку гробни конструкции. Во 1989 година Заводот и музеј во Струмица извршил заштитно ископување со што е откриен дел од некропола, а во југозападниот крај на просторот нејасни остатоци од архитектонски објект.

Биле отворени повеќе гробови, вкопани во длабочина од 1,25 до 1,95 м, со конструкции од тегули и имбрекси (тип „на две води“), во основата опкружени со венец од нафрлени камења и сите со инхумирани покојници. Со оглед на близината до старата пошта, каде што при нејзината изградба е откриена некропола со исти конструкции на гробови (Градско паркче), веројатно и гробовите од оваа парцела се дел од истата доцноантичка некропола[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069