Прејди на содржината

Џамија Хусамедин Паша - Штип

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џамија Хусамедин Паша
Поглед кон џамијата
Религија
Припадностислам
ОкругОпштина Штип
Еклизиастичен или организациски статуснеактивна
ВодствоШтипско муфтиство
Година на осветување16 век
Локација
ЛокацијаШтип, Македонија
Карта
Архитектура
Типџамија

Џамијата Хусамедин Паша е муслимански храм кој се наоѓа во Штип, Македонија. Џамијата се наоѓа во составот на Штипското муфтиство.

Џамијата била изградена во втората половина на 16 век. Христијаните во Штип сметаат дека џамијата била изградена врз темели на црква посветена на Свети Илија.

Според познатиот турски патописец Евлија Челебија, кој во 1662 година, престојувал во градот Штип, џамијата била изградена со камено минаре и оловен покрив[1]. Џамијата според традицијата била изградена со донација на пари од самиот Хуса Медин Паша[2]. Веднаш до џамијата се наоѓа гробот на Хуса Медин Паша[3].

Џамијата има квадратен облик во основата, со шестостран тамбур што лежи директно врз четирите странични ѕидови и полуобличеста купола.

  1. Евлија Челеби, Патописи (Сејјахатнама), стр. 343
  2. Хуса Медин-пашината џамија била од темел изградена // Утрински Весник
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-08-26. Посетено на 2015-09-05.