Евхаристија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Украинска икона од Тајната вечера.

Светата Евхаристија (грчки: Θεία Ευχαριστία, Κοινωνία), причесна[1][2] или причест[3][4] — во христијанската црква се вика Тајна на Тајните или Тајна на Црквата, кој која сѐ води, и од која сѐ произлегува. Таа е срце на црковниот живот, извор и цел на сите црковни учења и установи, и без неа христијанството е незамисливо. Светите Отци на раната црква ја сметале за најважен и основен дел на црковнотото собрание, затоа што таа давала значење и смисол на сите богослужби. Во потесен смисол, во црквата ја означува благодарствената молитва пред осветувањето на лебот и виното во текот на литургијата.

Поголемиот број од христијанските деноминации веруваат дека Христовото тело и крв реално присуствуваат во причествувањето. Некои протестантски цркви ова го толкуваат само како симболика.

Симболика[уреди | уреди извор]

Евхаристијата во црквата се разбира како вистинското тело и крв на Исус Христос. Според традицијата, тоа било создадено уште во времето на Тајната вечера (Матеј 26:26-28), (Лука 22:19), каде пишува:

И кога јадеа, зеде Исус леб, го благослови, го прекрши, па им даде и рече: „Примете, јадете; тоа е Моето тело.“ Потоа ја заеде чашата, заблагодари и им ја даде; и се напија од неа сите. И им рече: „Тоа е Мојата крв на Новиот завет, која се пролева за мнозина.
Вистина, вистина ви кажувам; ако не го јадете телото на Синот Човечки и не ја пиете крвта Негова, не ќе имате живот во себе. Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден

Според Библијата, оваа заповед, и оваа света тајна апостолите и првите христијани ја вршеле редовно.

  1. „причесна“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „причесна“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „причест“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „причест“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик