Дуди Ханум џамија
![]() | |
Основни податоци | |
Место | Кочани, Македонија |
Припадност | ислам |
Епархија | Општина Кочани |
Духовно-организациски статус | активна |
Водство | Штипско муфтиство |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | џамија |
Особености | |
Материјали | камен, бетон |
Џамијата Дуди Ханум е муслимански храм кој се наоѓа во Кочани, Македонија. Џамијата се наоѓа во составот на Штипското муфтиство. Џамијата е посветена на Дуди Ханум, која дала средства за изградба на џамијата.
Во текот на 2014 година било од темел срушено минарето на џамијата. Таква одлука донел џамискиот одбор откако било констатирано дека тоа е оштетено и постои можност од рушење[1]. По ова, започнала донација за изградба на ново минаре.