Василиј Велики
Свети Василиј Велики | |
---|---|
Икона на Свети Василиј Велики | |
Бископ, | |
Роден(а) | 330, Кападокија, Мала Азија |
Починал(а) | 1 јануари 379, Кападокија, Мала Азија, денешна Турција |
Слава | 1 јануари и 30 јануари (Православната црква) 2 јануари (Римокатоличка црква, Англиканска црква и Лутеранска црква |
Свети Василиј Велики (грчки: Βασίλειος ὁ Μέγας) — христијански светец, теолог и епископ од Кападокија, Мала Азија. Во црквата се смета како голем поборник за православната вера, пристаниште на моралната чистота и столб на Црквата. Се смета за основач на монашката традиција во источното православие. Како светец бил прогласен по неговата смрт. Православната црква го слави на 1 јануари, односно на 14 јануари, а католичката црква на 2 јануари.
Живот
[уреди | уреди извор]Свети Василиј Велики е еден од најголемите светци на христијанството. Роден е во 330 година во Неокесарија, во Понт, од родители Василиј и мајка Света Емелија, кои двајцата потекнувале од познати и богати фамилии, но уште позначајни по својата христијанска вера и живот. Василиевата баба по татко, Света Макрина Постарата била ученичка на Свети Григориј Чудотворец, епископ во Неокесарија, која едвај го преживеала максимилијановотото прогонување на христијаните.
Младоста му поминала во времето на царувањето на царот Константин I Велики (306-337 година). Свети Василиј најпрвин се школувал кај својот татко, кој бил реторичар во Неокесарија. По смртта на неговиот татко во околу 345 година, тој го продолжил понатамошното школување во Неокесарија Кападокиска, каде школски другари му биле Григориј Назијанин и Јулијан Отпадникот.[1] Од Кесарија Свети Василиј заминал за Цариград, каде кратко време учел кај елинскиот ритор Ливаниј, а потоа во 352 година заминал во Атина. Таму ја проучувал филозофијата, дијалектиката, реториката, астрономијата и медицината. За Василиевото образование најдобро сведочи неговата голема ерудиција, која се сретнува во неговите дела, каде големиот познавач на класиката, Фотиј го става во ранг со Платон и Демостен.
Од Атина повторно заминал во Ерусалим каде на триесетгодишна возраст бил покрстен од страна на епископот Максим во реката Јордан и потоа ракоположен за отец во црквата. Според христијанското верување, Свети Василиј го раздадал својот имот на сиромашните и тргнал во 357 година кон Александрија, Египет, Палестина и Месопотамија, учејќи го монаштвото. Во областа на монаштвото оставил и многу поуки. Зборувал и пишувал прекрасно за покајанието, пороците и добродетелите, смртта и воскресението на душата, спасението. Во Египет останал кај архимандитит Порфитиј каде се задржал околу една година. Потоа го посетил и Ерусалим. Во 360 година бил поставен како ѓакон, а подоцна и како свештеник.
Во 370 година Свети Василиј станал епископ, по смртта на Евсевиј. Погледите на заштитниците на Никејската вера се свртиле кон Василија. Против неговиот избор за Архиепископ на Кесраија Кападокијска биле аријанските кривоверци, бидејќи се плашеле од неговите храбри проповеди и разобличувања. На оваа должност, според христијанството, Свети Василиј честопати испраќал кон верниците канонски поуки и совети, кои подоцна станале канони за целата црква, изградил многубројни болници, старечки домови. Мирот во црквата Свети Василиј не го доживеал и покрај тоа што нему му се препишуваат најголемите усилби за Вториот вселенски собор во Цариград 381 година, каде се донело одлука против сите ереси и раздори против кој Василиј се борел.
Починал на 31 декември 378 година, и свечено бил погребан на 1 јануари 379 година, ден кога се слави и неговиот помен. Дел од останките на Свети Василиј се наоѓаат и во црквата Свети Кирил и Методиј во Струмица.
Значење
[уреди | уреди извор]Во црковните богослужби најчесто е нарекуван “пчела на Црквата Христова, која им дава мед на верните и осило на кривоверците“. Сочувани се многубројни дела на овој отец на Црквата: апологетски, богословски, подвижнички и канонски; и литургија наречена според неговото име. Василиевата литургија се служи десет пати во годината, и тоа: на 1 јануари, наспроти Божик, на Велики Четврток и на Велика Сабота.
Честување на празникот
[уреди | уреди извор]По Божик, православните христијани на 14 јануари, го одбележуваат денот на свети Василиј Велики во народот познат и како Василица односно Стара нова година. Според обичаите на тој ден се прави домашна погача во која домаќинките ставаат паричка, пеењето на василичарските песни во кој треба да биде опфатен тропарот на свети Василиј Велики, а некаде се практикува и палењето на огнот кои треба да ја симболизира светлината Божја во новата година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 135.
|
- Родени во 330 година
- Починати во 379 година
- Христијански светци од 4 век
- Ранохристијански контроверзии
- Патристика
- Светци од Анадолија
- Римокатолички светци од Анадолија
- Римокатолички светци
- Православни светци
- Источнокатолички светци
- Христијански теолози
- Црковни отци
- Христијански мистици
- Византиски светци
- Епископи од 4 век
- Римјани од 4 век
- Свети Василиј Велики
- Црковни учители
- Пустински отци
- Византиски теолози