Макрина Постарата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Макрина Постарата
Роден(а) ок. 270,
Починал(а) ок. 340
Почитуван(а) во православие
католицизам
древноисточни цркви
Слава 30 мај ст. ст.
(12 јуни н. ст.)
Заштитништво вдовици
против сиромаштија

Макрина Постарата (грчки: Μακρίνα; пред 270 – ок. 340) — христијанска светица, мајка на Василиј Постариот и баба на истакнатите ранохристијански дејци Василиј Велики, Григориј Богослов, Петар Севастиски и Макрина Помладата.[1] Во православието се чествува на 30 мај по стар стил или 12 јуни по нов). Во католицизмот се чествува на 14 јануари.

Житие[уреди | уреди извор]

Во делата на Василиј се вели дека Макрина била ученичка на Григориј Чудотворец, и дека таа е одговорна за пренесувањето на неговите учења на внуците Василиј и Григориј.[2]

Живеела во Неокесарија во Понт. Според Григориј Богослов, за време на прогонувањето на христијаните од царевите Галериј и Диоклецијан, Макрина со сопругот пребегале на брегот на Црното Море.[2] Според преданието, тие се населиле во густа шума и таму поминале седум години, хранејќи се од козите кои се спуштале од планината за да ги хранат со млеко.[3] Кога прогонувањата престанале, таа со семејството се вратила во родната Неокесарија.[4]

Бидејќи мажот ѝ починал и останла вдовица, таа се смета за покровител на вдовиците. Во нејзина надлежност се и сиромашните. Се смета дека починала на почетокот на 340-тите.[5]

Тропар[уреди | уреди извор]

За св. Макрина се пее овој тропар:[3]

Преподобна мајко наша Макрино, твоите молитви денес ги просиме, застапи се за нас пред Господа, ти која послужи како градина плодоносна, од која Он ќе изнедри мноштво фиданки, украси на Неговата Црква Небесна.


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Attwater, Donald; John, Catherine (1995), „Macrina the Elder“, The Penguin Dictionary of saints, London: Penguin Books, ISBN 978-0-14-051312-7, Посетено на 26 јануари 2013
  2. 2,0 2,1 Macrina the Elder, Saint, Philosopher, Grandmother of Macrina, Архивирано од изворникот на 2013-02-17, Посетено на 26 јануари 2013
  3. 3,0 3,1 Житие: Преподобна Макрина — Православен календар на МПЦ
  4. "Macrina the Elder", Orthodox Christian Network“. Архивирано од изворникот на 25 септември 2020. Посетено на 9 јули 2023.
  5. Kirsch, Johann (1910), „St. Macrina the Elder“, The Catholic Encyclopedia, 9, New York: Robert Appleton Company, Посетено на 26 јануари 2013

Надворешни врски[уреди | уреди извор]