Тропар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тропар за шести глас: „Кресту́ Твоему́ покланя́емся Влады́ко, и свято́е Воскресе́ние Твое́ сла́вим.“ „Кондакарь крюковый“, крајот на ХІІ век.

Тропар[1] ( грчки: τροπάριονетимологиjaта не е прецизирана) – основен музичко-поетски жанр на црковната химнографија, суштински елемент на православноa богослужение. Тоа е кратко пеење посветено на настанот или светецот, кој се чествува за време на соодветната служба.

Се јавува како краток пеен коментар на богослужбените текстови. Првите тропари ги следат начелата на ритамритмувана проза и се повеќе декламативни, но во текот на 16 век конечно ја добиваат формата на песнопеење. Првичните тектстови биле поетизирани, и биле исполнувани со музика.

За прв тропар традицијата го посочува популарниот и до денес исполнуван при богослужбите „Свѣте Тихій“ (Тиха светлина), кој бил определн уште во 4 век од Василиј Велики како чест на „древната традиција на Црквата“. За древен се смета и тропарот „Христос воскресе“, кој исто така се пее и денес. Со тек на времето се појавуваат нови тропари – воскресни, богородични и др.

Во богослужбите на источноправославните цркви, тропарто се потчинува на начелото на осмогласието.

Божиќен тропар[уреди | уреди извор]

Troparion of the Nativity.png

глас четврти
Раѓањето Твое, Христе Боже наш, го озари светот
со светлина на знаењето; во неа пак, оние што им служеа
на ѕвездите од ѕвездата се учеa Тебе да Ти се поклонуваат,
Сонце на правдата, и да Те познаат Тебе, Исток на висините,
Господи, Слава Ти!

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]