Ефрем Сирин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ефрем Сирин
Роден(а) 306, Нисибија
Починал(а) 9 јуни 373, Едеса
Почитуван(а) во христијанство
Слава 28 јануари (Православие, Источнокатоличка црква)
9 јуни (Римокатоличка црква)

Ефрем Сирин е христијански светец.

Роден e во Сирија од бедни родители во времето на царот Константин Велики. Бил ученик на Свети Јаков Нисибиски. Ефрем непрестајно или пишувал книги, или усно ги поучувал монасите во манастирот и народот во градот Едеса, или пак самиот се предавал на молитва и размислување. Има напишано голем број на книги. Најпозната му e “Господи и Владико на мојот живот”. Кога сакале со сила да го земат за епископ, тој се направил безумен и почнал да трча низ градот Едеса влечејќи ја по себе својата облека. Кога го виделе тоа луѓето, се откажале од намерата. Бил современик и пријател на Свети Василиј Велики. Починал во 373 година[1].

Православната црква неговиот ден го чествува на 28 јануари.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Охридски пролог“ стр. 38