Свети Јаков Нисибиски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Поврзано: Апостол Јаков
Свети Јаков Нисибиски
ܝܥܩܘܒ ܢܨܝܒܢܝܐ
Гробот на Јаков
епископ
Роден(а) непознато,
Починал(а) 345, Нисибија
Почитуван(а) во Православие, Асирска православна црква
Слава

Свети Јаков Нисивиски е христијански светец и втор епископ на Нисибија[1] .

Свети Јаков Нисивиски живеел како отшелник во лето на отворено поле, а зимно време во пештера. Според христијанското верување, еднаш отишол во градот Нисибија за да види како се распространува христијанската вера, каде по ова бил избран за епископ. Учествувал на Првиот Вселенски собор и се противел на аријанството.

Кога Персијците го нападнале неговиот град, тој побарал од Бог да го сочува градот и верните во него така што ќе испрати муви и комарци врз Персијанците за да ги изгонат од нисибиските бедеми. Така, според преданието, Бог ја услишил молитвата на својот угодник и испратил многу муви и комарци врз Персијанците, спасувајќи го градот[2].

Свети Јаков Нисибиски починал во 350 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Vailhé, Siméon. „Nisibis“. Original Catholic Encyclopedia. El Cajon, California: Catholic Answers. конс. 2010-12-10. The See of Nisibis was founded in 300 by Babu (d. 309). His successor, the celebrated St. James, defended the city by his prayers during the siege of Sapor II. 
  2. „Свети Јаков, епископ Нисибиски“ (Македонски). конс. 5 јануари 2011.