Поликарп Смирнски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поликарп Смирнски
Епископ на Смирна
Роден(а) 69,
Починал(а) 155, Смирна, денешен Измир, Турција
Почитуван(а) во Римокатоличка црква,
Источнокатоличка црква,
Православна црква,
Древноисточни цркви,
Англиканска црква,
Лутеранска црква
Слава 23 февруари (порано 26 јануари)

Поликарп Смирнски бил епископ на Смирна, еден од раните Апостолски отци, директен ученик на свети Јован Богослов. Напишал, и е предмет на две дела од збирот Апостолски Отци.

Годината на негово раѓање е спекулативна, и е помеѓу 69 и 81 година, како и неговото страдање, од 155 до 167. Во раното детство Поликарп останал сирак и бил изгледан од страна на некоја вдовица по име Калиста. Тој силно го поддржувал тогашниот епископ на Смирна, Свети Вукол. Вукол го ракоположил за презвитер, а пред смртта го покажал за свој наследник во Смирна. Апостолските епископи што се собрале на погребот на Вукол го хиротонисале Поликарп за епископ.

Според христијанското верување, тој бил жив изгорен во Смирна, седиштето на неговата Епископија (денешен Измир, Турција), во времето на царот Марко Аврелиј. Три дена пред смртта Св. Поликарп прорекол дека по три дена тој ќе биде жив изгорен. По три дена тој бил уапсен и запален[1].

Црквата го празнува неговиот спомен на 8 март (23 февруари ст.ст.).

Наводи[уреди | уреди извор]