Припрата

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Нартекс)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Припратата од северната страна на црквата Св. Софија во Охрид

Припрата или нартекс — доградба на влезот во храмот (исто како и пронаос кај античките Грци, пред влезот на антички храм). Припратата може да биде изградена на западната, јужната и северната страна на храмот. Обично е одвоена од црквата со ѕид и со врата.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Припратата на јужната страна на црквата „Св. Димитриј“ во Битола

И двете имиња, припрата и нартекс водат потекло од грчкиот јазик. Терминот нартекс е идентичен на својот грчки облик, додека терминот припрата е словенизиран облик на грчкиот збор перипатос.

Историја[уреди | уреди извор]

Припратата од западната и јужната страна во Осоговскиот манастир

Терминот се појавува во ранохристијанскиот период, во Византиската Империја, и претставува просторија на влезот на црквата, како грчкиот пронаос или римскиот атриум. Кај Римјаните атриумот имал неколку функции, особено за крштевки (оттука и честото присуство на крстилници).

Спротивно на проширеното верување во деветнаесеттиот век, таа немала функција да ги прима лицата кои немале право да присуствуваат на црковните служби пред нивното крштевање. Историчарот на уметноста Франсоа Ебер-Сифрен наведува дека според антички извори, некрстените биле присутни во самата црква, но се повлекувале.

Во византиската архитектура, некои цркви имаат нартекс јасно поделен на два дела: внатрешен нартекс или езонартекс (esonarthex) и надворешен нартекс или ексонартекс (esonarthex).

Во римско време, нартексите се чести и можеле да бидат доволно големи за да се формираат еден вид на црква. Во готската архитектура која има за цел да се отстрани она што може да се натрупува на зградата односно има за цел да го сублимира просторот, тие се помали по големина, отворајќи се повеќе кон внатрешноста на црквата. Со текот на времето нивната литургиска функција згаснува, па имаат тенденција да исчезнат или да станат само предворје.

Поврзано[уреди | уреди извор]