Архитектура е вештина на изработување нацрти и обликување на градби која стои и како уметност и како наука. Самиот производ, градбите, вклучувајќи ја и внатрешноста на градбите, исто така претставуваат архитектура. Бидејќи под архитектура може да се подразбере секоја градба, група на градби или дел од градбата, видокругот на архитектурата е широк и вклучува нацрти и обликување на мебел, внатрешна архитектура, на згради, архитектура, на дворови, паркови и предели, пределна архитектура, на градови, урбанистичко планирање, и региони, просторно планирање.
Зборот архитектура потекнува од старогрчкиот збор архитектон (αρχιτεκτων) што значи главен мајстор (αρχι=главен и τεκτων=мајстор, градежник).
Прочитајте повеќе
Голестански дворец — некогашен кралски комплекс на династијата Каџари во главниот град на Иран, Техеран.
Како еден од најстарите споменици на културата во Техеран, Голестанскиот дворец (прев. Дворец на цвеќињата) припаѓа на група кралски зданија кои некогаш биле окружени со старата техеранска тврдина (Арг).
Самиот Арг бил изграден во времето на Тахмасп I (вл. 1524-1576) од династијата Сефевиди (1502-1736), а подоцна бил обновен од Карим-хан (вл. 1750-1779). Мухамед-хан Каџар (1742-1797) решил Техеран да стане престолнина на државата. Самата династија ја сместил во Аргот. Дворот на Голестанскиот дворец станал официјална резиденција на кралското семејство Каџари. Дворецот го добил сегашниот изглед во 1865, и е дело на Хаџи Абол-хасан Мимар Наваи. Прочитајте повеќе
уреди Работи кои може да ги направиш

|
Еве неколку работи кои се потребни: :
|
уреди Награди за архитектура
Седум светски чуда на новиот свет
уреди Архитектура на останатите вики проекти...
|