Прејди на содржината

Стоунхенџ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стоунхенџ
Stonehenge
Карта
Општи податоци
Стилнеолитска архитектура
ЗемјаВелика Британија

Стоунхенџ (англиски: Stonehenge) — најпознатиот мегалитен споменик во светот со пречник од 100 метри. Се наоѓа во Велика Британија. Се претпоставува дека бил изграден пред околу 5000 години, во времето на неолитската архитектура од бронзеното време. Денешните останки на Стоунхенџ се само камени, но не во целост бидејќи или биле затрупени или биле срушени во текот низ историјата. Целата градба нема своја т.н. единствена структура, туку таа е променлива. За архитектите на оваа градба сѐ уште не е познато. Во 17 век, Џон Обри дошол до теорија дека Стоунхенџ бил храм на друидите. Според друга претпоставка, се смета дека бил изграден од страна на Римјаните. Овие две теории владееле сè до XX век, кога се открило дека градбата постоела или била изградена пред околу 2000 години, пред доаѓањето на друидите и Римјаните на овие простори. Денеска се смета дека бил изграден пред 5000 години. До ден денес, не е позната целта поради кој бил изграден Стоунхeнџ. Се смета дека Стоунхенџ бил некое свето или религиозно место, каде се одржувале некои обреди.

Во списокот на УНЕСКО бил вклучен во 1986 година.