Стерлингова награда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Стерлингова награда (англ. Stirling Prize) — британска награда, која се доделува за достигнувања во архитектурата. Наградата, името го добила по архитектот Џејмс Стерлинг и се доделува еднаш годишно од страна на Кралскиот институт на британски архитекти (RIBA). Стерлинговата нагарада, официјално се доделува на „архитектите на градби, кои го имаат направено наголемиот придонес во британската архитектура во изминатата година“. Архитектите мора бидат членови на RIBA, а градбата може да биде каде било во Европската унија. Добитниците на наградата добиваат и стипендија, во износ од £ 20.000.

Доделувањето на наградата е воведено во 1996 година и се смета за најпрестижна архитектонска награда во Обединетото кралство. Таа се доделува како еквивалент во областа на архитектурата на Букеровата и Тарнеровата награда. Церемонијата на доделување на наградата се емитува на Channel 4, а спонзор е списанието Architects' Journal. Шест градби се избирааат во конкуренција на поголем број на градби, кои ја имаат добиено RIBA наградата. Оваа награда се доделува за градби кои прикажуваат „високи архитектонски стандарди и суштински придонес во локалната околина“. Во 2003, дури 70 вакви градби ја добија RIBA наградата.

Освен Стерлинговата награда, при нејзиното доделувње се доделуваат уште 7 други награди.

Лауреати[уреди]

Како „Градба на годината.“

1987: Сиропиталиште Сент Едвардс, Џејн Дарбишир[1]
1991: Основно училиште Вудли, Нев Черчер[2]
1993: Галерии Саклер, Норман Фостер[3]
1994: Меѓународна железничка станица „Вотерлу“
1995: Стадион МекАлпајн, Хадерсфилд


Година Лауреат Дело
1996 Ходер, СтивенСтивен Ходер Centenary Building.jpg Зграда на стогодишнината („Центенари“),
Солфордски универзитет, Солфорд
1997 Џејмс Стерлинг, Мајкл Вилфорд и др. учесници Stuttgart HochschuleFuerMusikUndDarstellendeKunst.jpg Музичко училиште,
Штутгарт
1998 Foster and Partners Duxford UK Feb2005 American.JPG Музеј на американското воздухопловство,
Империјален воен музеј, Даксфорд
1999 Future Systems Nat West media centre cropped.jpg Медиумски центар на Лордс,
Лондон
2000 Alsop & Störmer DSCN4087.JPG Пекамска библиотека,
Лондон
2001 Wilkinson Eyre Magna Science Adventure Centre.jpg Центар „Магна“,
Ротердам
2002 Wilkinson Eyre и Gifford Gateshead millennium bridge open.jpg Милениумски мост,
Гејтсхед
2003 Herzog & de Meuron Laban Dance Centre RJL.JPG Танцово улилиште „Лабан“,
Дептфорд, Лондон
2004 Foster and Partners 30-St-Mary-Axe.jpg Корнишон“ (30 St Mary Axe),
Лондон
2005 EMBT и RMJM Edinburgh Scottish Parliament01 2006-04-29.jpg Зграда на Шкотскиот парламент,
Единбург
2006 Rogers Stirk Harbour + Partners Barajas interior1.jpg Терминал 4 на мадридскиот аеродром „Барахас“
Мадрид
2007 Дејвид Чиперфилд MarbachLiteraturmuseumModerne.jpg Книжевен музеј на модерната,
Марбах на Некар, Германија
2008 Feilden Clegg Bradley Studios,
Alison Brooks Architects и
Maccreanor Lavington
Steel Building - western facade.jpg Станбен комплекс „Акордија“
Кембриџ
2009 Rogers Stirk Harbour + Partners[4] Maggie's Centre, Charing Cross, London.jpg Центар за нега „Мегис“,
Лондон
2010 Заха Хадид[5] Национален музеј на уметноста на XXI век (MAXXI),
Рим
2011 Заха Хадид[6] Evelyn Grace Academy, Shakespeare Road.jpg Академија „Ивлин Грејс“,
Лондон
2012 Стентон Вилијамс[7] Cmglee Sainsbury Laboratory Cambridge University night.jpg Лабораторија „Сејнсбери“, Кембрички универзитет, Кембриџ, Англија
2013 Witherford Watson Mann Architects[8] Замок Астли, Нанитон

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. The Houghton Mifflin dictionary of biography, стр .400
  2. The Architects' journal, том 207, стр .32
  3. Peter Murray and Robert Maxwell, Contemporary British architects, стр .175
  4. Извештај за печат 2009 - Центар „Мегис“ (англиски)
  5. Хиткот, Едвин. „Хадид конечно ја освои Стерлинговата награда“, 3 октомври 2010 (конс. 3 октомври 2010). (англиски)
  6. Daily Telegraph, 2 октомври 2011
  7. Youngs, Ian. „Sainsbury Laboratory wins Stirling architecture prize“. BBC. http://www.bbc.co.uk/news/entertainment-arts-19923820. конс. 14 октомври 2012. 
  8. Astley Castle wins Riba Stirling Prize for architecture“, 26 септември 2013 (конс. 26 септември 2013).

Надворешни врски[уреди]