Букерова награда
Букерова награда Booker Prize | |
---|---|
Опис | Најдобар роман на англиски јазик од Комонвелтот, Ирска или Зимбабве |
Место | Гилдхол, Лондон, Англија |
Држава | Обединето Кралство |
Доделува | Задолжбина „Букерова награда“ |
Прво доделување | 1969 |
Мрежно место | thebookerprizes.com |
Букерова награда (англиски: Booker Prize; 1969–2000 г. Booker Prize for Fiction; 2002–2019 г. Man Booker Prize) — книжевна награда што секоја година се доделува на најдобриот роман на англиски јазик во авторство на државјанин на Комонвелтот, Ирска или Зимбабве,[1] а почнувајќи од 2014 г., и било која друга земја во светот, доколку делото е напишано на англиски и објавено во Британија.[2] Наградата на добитникот му гарантира меѓународен углед и успех во кариерата, па затоа таа има големо значење во книгоиздаваштвото.[3] Авторите што ќе се најдат во потесниот, па дури и во поширокиот избор исто така добиваат на значаен углед.
Историја и раководство
[уреди | уреди извор]Букеровата награда првично се нарекувала „Букер-Меконелова награда“ (Booker-McConnell Prize), именувана по претпријатието „Букер Меконел“ кое ја основало наградата во 1968 г. под свое покровителство.[4] Кога, во 2002 г,, одговорноста за раководењето на наградата припаднала на Задолжбината „Букерова награда“ (Booker Prize Foundation), како покровител се јавила инвестиционата фирма „Ман груп“ (Man Group), која го задржала зборот Букер во името на наградата. Во 2019 г. Ман ја доделиле последната награда како покровител на наградите.[5] Покровителството прешло на добротворната задолжбина „Кренкстарт“ (Crankstart) на општественикот Мајкл Мориц и сопругата Хериет Хејман, во траење од пет години, со можност за уште пет. Името на наградата е официјално изменето на само „Букерова награда“ (The Booker Prize).[6]
Самата задолжбина е независна добротворна организација која работи со средства од сите приходи на Booker Prize Trading Ltd., како единствен акционер.[7] Денес паричниот дел од наградата изнесува 50.000 фунти, и со тоа е една од најбогатите книжевни награди во светот.
Жири
[уреди | уреди извор]Изборот започнува со воспоставување на советодавна комисија составена од писател, двајца издавачи, агент, книжар, библиотекар и претседавач назначен од задолжбината. Тие ја избираат жири-комисијата, чии членови по правило се различни секоја година. Таа е составена од најистакнатите книжевни критичари, писатели, академици и водечки општественици.
Добитникот се прогласува на почетокот на октомври.
Лауреати
[уреди | уреди извор]Во чест на 25-годишнината на наградата, одлучено е да се додели посебна награда „Букер на Букерите“ (Booker of Bookers). За најдобар од сите романи што ја добиле наградата е избран „Деца на полноќта“ од Салман Ружди (добитник во 1981 г).[8]
Во 2008 г. е доделена слична награда наречена „Најдоброто од Букер“ (The Best of the Booker) во чест на 40-годишнината на наградата. Во потесниот избор влегле шест дела, а добитникот го гласала јавноста. За најдобар роман повторно е прогласен „Деца на полноќта“.[9][10]
Година | Автор | Наслов | Изворен наслов | Жанр | Земја |
---|---|---|---|---|---|
1969 | Перси Хавард Њуби | „Се бара одговор“ | Something to Answer For | роман | Британија |
1970 | Бернис Рубенс | „Избраниот член“ | The Elected Member | роман | Британија |
1970[11][12] | Џејмс Гордон Фарел | „Неволји“ | Troubles | роман | Британија Ирска |
1971 | Видијадар Сураџпрасад Најпол | „Во слободна држава“ | In a Free State | расказ | Британија Тринидад и Тобаго |
1972 | Џон Бергер | „Џ.“ | G. | експериментален роман | Британија |
1973 | Џејмс Гордон Фарел | „Опсадата на Кришнапур“ | The Siege of Krishnapur | роман | Британија Ирска |
1974 | Надин Гордимер | „Конзерватор“ | The Conservationist | роман | ЈАР |
Стенли Мидлтон | „Празник“ | Holiday | роман | Британија | |
1975 | Рут Правер Џабвала | „Жега и прашина“ | Heat and Dust | историски роман | Британија Германија |
1976 | Дејвид Стори | „Савил“ | Saville | роман | Британија |
1977 | Пол Скот | „Исчекување“ | Staying On | роман | Британија |
1978 | Ајрис Медрок | „Морето, морето“ | The Sea, the Sea | филозофски роман | Ирска Британија |
1979 | Пенелопи Фицџералд | „На море“ | Offshore | роман | Британија |
1980 | Вилијам Голдинг | „Пристапни обреди“ | Rites of Passage | роман | Британија |
1981 | Салман Ружди | „Деца на полноќта“ | Midnight's Children | магиски реализам | Британија |
1982 | Томас Кенили | „Шиндлеровата барка“ | Schindler's Ark | биографски роман | Австралија |
1983 | Џон Максвел Куци | „Животот и времето на Мајкл К.“ | Life & Times of Michael K | роман | ЈАР |
1984 | Анита Брукнер | „Хотел на езерото“ | Hotel du Lac | роман | Британија |
1985 | Кери Хјум | „Народ на коските“ | The Bone People | мистериозен роман | Нов Зеланд |
1986 | Кингсли Ејмис | „Стари ѓаволи“ | The Old Devils | хумористичен роман | Британија |
1987 | Пенелопи Лајвли | „Месечев тигар“ | Moon Tiger | роман | Британија |
1988 | Питер Кери | „Оскар и Лусинда“ | Oscar and Lucinda | роман | Австралија |
1989 | Казуо Ишигуро | „Остатоци од денот“ | The Remains of the Day | историски роман | Британија Јапонија |
1990 | Антонија Сузан Бајат | „Опседнатост“ | Possession | роман | Британија |
1991 | Бен Окри | „Гладниот пат“ | The Famished Road | магиски реализам | Нигерија |
1992 | Мајл Ондатје | „Англискиот пациент“ | The English Patient | историографска метапроза | Канада Шри Ланка |
Бери Ансворт | „Света глад“ | Sacred Hunger | историски роман | Британија | |
1993 | Роди Дојл | „Педи Кларк ха-ха-ха“ | Paddy Clarke Ha Ha Ha | роман | Ирска |
1994 | Џејмс Келман | „Доцна, баш доцна“ | How Late It Was, How Late | тек на свеста | Британија |
1995 | Пет Баркер | „Патот на сеништата“ | The Ghost Road | воен роман | Британија |
1996 | Греам Свифт | Последна заповед | Last Orders | роман | Британија |
1997 | Арундати Рој | „Богот на малите нешта“ | The God of Small Things | роман | Индија |
1998 | Ијан Мекјуан | „Амстердам“ | Amsterdam | роман | Британија |
1999 | Џон Максвел Куци | „Срам“ | Disgrace | роман | ЈАР |
2000 | Маргарет Атвуд | „Слепиот убиец“ | The Blind Assassin | роман | Канада |
2001 | Питер Кери | „Вистинска приказна за Келиевата банда“ | True History of the Kelly Gang | историски роман | Австралија |
2002 | Јан Мартел | „Живот на Пи“ | Life of Pi | фантастичен роман | Канада |
2003 | Ди Би Си Пјер | „Малиот Бог Вернон“ | Vernon God Little | роман | Австралија |
2004 | Алан Холингхарст | „Линија на убавината“ | The Line of Beauty | историски роман | Британија |
2005 | Џон Бенвил | „Море“ | The Sea | роман | Ирска |
2006 | Киран Десаи | „Наследена загуба“ | The Inheritance of Loss | роман | Индија |
2007 | Ен Енрајт | „Собир“ | The Gathering | роман | Ирска |
2008 | Аравинд Адига | „Белиот тигар“ | The White Tiger | роман | Индија |
2009 | Хилари Мантел | „Волчја аула“ | Wolf Hall | историски роман | Британија |
2010 | Хавард Џејкобсон | „Финклеровото прашање“ | The Finkler Question | роман | Британија |
2011 | Џулијан Барнс | „Насетување на крајот“ | The Sense of an Ending | роман | Британија |
2012 | Хилари Мантел | „Подигнете ги телата“ | Bring Up the Bodies | историски роман | Британија |
2013 | Еленор Катон | „Расветители“ | The Luminaries | историски роман | Нов Зеланд |
2014 | Ричард Фланаган | „Тесниот пат код длабокиот север“ | The Narrow Road to the Deep North | историски роман | Австралија |
2015 | Марлон Џејмс | „Кратка историја на седум убиства“ | A Brief History of Seven Killings | историски/експериментален роман | Јамајка |
2016 | Пол Бити | „Продадена душа“ | The Sellout | сатиричен роман | САД |
2017 | Џоџ Сондерс | „Линколн во бардо“ | Lincoln in the Bardo | историски роман | САД |
2018 | Ана Бернс | „Млекар“ | Milkman | роман | Британија |
2019 | Маргарет Атвуд | „Завети“ | The Testaments | роман | Канада |
Бернардин Еваристо | „Девојка, жена, друго“ | Girl, Woman, Other | експериментален роман | Британија | |
2020 | Даглас Стјуарт | „Шаги Бејн“ | Shuggie Bain | роман | Британија САД |
2021 | Дамон Галгут | „Ветување“ | The Promise | роман | ЈАР |
2022 | Шехан Карунатилака | „Седумте месечини на Мали Алмејда“ | The Seven Moons of Maali Almeida | роман | Шри Ланка |
2023 | Пол Линч | „Песна на пророкот“ | Prophet Song | дистописки роман | Ирска |
2024 | Саманта Харви | „Орбитала“ | Orbital | научнофантастичен роман | Британија |
Поврзани награди
[уреди | уреди извор]Во 2005 г. е воведена посебна „Меѓународна Букерова награда“ (Man Booker International Prize) која се доделува на писател од било која земја, на секои две години. Во 1992 г. е воспоставена руска верзија на наградата наречена „Руски Букер“ (Russian Booker, офиц: Booker-Open Russia Literary Prize) Во 2007 г., Man Group ја основале „Мановата азиска книжевна награда“ (Man Asian Literary Prize) за најдобар роман од Азија напишан или преведен на англиски јазик и издаден во претходната календарска година.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Пулицерова награда
- Нобелова награда за литература
- Гонкурова награда
- Костина награда (порано „Витбредова награда“)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Букерова награда: Правила“. bookerprize.com. Посетено на 3 септември 2009. (англиски)
- ↑ „„Изненадување и ризик": Реакции на пресвртот во наградувањето“. BBC. 18 септември 2013. Посетено на 19 септември 2013. (англиски)
- ↑ „Големата експлозија на Букер“. New Statesman. 9 октомври 2008. Посетено на 3 септември 2009. (англиски)
- ↑ „Букерова награда: историја на контроверзности, критики и великани на книжевноста“. The Guardian. Guardian Media Group. 18 октомври 2011. Посетено на 18 октомври 2011. (англиски)
- ↑ Davies, Caroline (27 јануари 2019). „Booker prize trustees search for new sponsor after Man Group exit“. The Guardian. Посетено на 27 јануари 2019.
- ↑ Flood, Alison (28 февруари 2019). „Booker Prize: Silicon Valley Billionaire Takes Over as New Sponsor“. The Guardian. Посетено на 28 февруари 2019.
- ↑ „Букерова награда: Правни информации“. bookerprize.com. Посетено на 3 септември 2009. (англиски)
- ↑ Малан, Џон (12 јули 2008). „Животи и дела, Каде се сега?“. The Guardian. Guardian Media Group. Посетено на 11 септември 2011. (англиски)
- ↑ „Најдоброто од Букер“. The Guardian. Guardian Media Group. 21 февруари 2008. Посетено на 3 септември 2009. (англиски)
- ↑ „Ружди ја доби наградата „Најдоброто од Букер"“. БиБиСи Вести. БиБиСи. 10 јули 2008. Посетено на 3 септември 2009. (англиски)
- ↑ Во 1971 г. е решено да се наградува дело издадено истата, наместо претходната година, па затоа наградата не ја добило ниедно дело издадено во 1970 г. Во 2010 г. е одлучено таа награда да се додели ретроспективно, под називот „Изгубената Букерова награда“ ("Lost Man Booker Prize"), и тоа на романот „Неволји“ од Џејмс Гордон Фарел.
- ↑ Мелверн, Џек (20 мај 2010). „Џ.Г. Фарел доби Букерова награда за 1970 г, 30 години откако е починат“. The Times. Архивирано од изворникот на 2018-12-26. Посетено на 23 декември 2010. (англиски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Букерова награда“ на Ризницата ? |
- Букерова награда (англиски)
- Архив на Букеровата награда Архивирано на 4 септември 2009 г. — Универзитет „Оксфорд Брукс“ (англиски)
|
|