Пристапни обреди (роман)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Пристапни обреди (англиски: Rites of Passage) - роман на британскиот писател Вилијам Голдинг од 1980 година.

Осврт кон романот[уреди | уреди извор]

Во 1980 година, романот ја освоил „Букеровата награда“, најпрестижната британска книжевна награда. Со својата повеќезначност, сложена структура и преку спојувањето на митот и реалноста, книгата ја истражува врската меѓу човекот и заедницата. Сместувајќи го дејството на осамен брод среде океанот, авторот ги испитува исконските нагони на поединецот, смело навлегувајќи во неговите настрашни и најмрачни понори. „Тајмс“ го оценил романот како „нужно дело, провокативно, неодложно, богато, комплексно и ретко“, додека „Обзервер“ го оценил како „исклучителен роман... што длабоко трогнува, истовремено предизвикувајќи огромно задоволство“.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 5.