Ресенско советување

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Црквата св. Кирил и Методиј во Ресен

Ресенското советување се одржало на 15 август 1894 година (стар стил), на празникот Голема Богородица.

Заседание[уреди | уреди извор]

Како повод за советувањето било искористено осветувањето на ново изградената црква Св. Кирил и Методиj. Советувањето започнало во куќата на Татарчеви и траело три дена.

Делегати[уреди | уреди извор]

На него присуствувале претседателот на МРО, Христо Татарчев, секретарот Дамјан Груев, Атанас Лозанчев, Георги Пешков, Григор Попев, Трајко Доревски, Александар Хаџи Панов, Славејко Стрезов, Александар Чакаров, Атанас Мурџев и Тодор Станков [1].

Влијание[уреди | уреди извор]

Прославата при осветувањето на црквата „Св. Кирил и Методиј“. Меѓу народот што прославува се наоѓа и Даме Груев

Оваа советување требало да има регионален карактер и одлуките донесени требало да се однесуваат замо за Битолскиот револуционерен округ меѓутоа тие се однесувале во целина на Организацијата.

Одлуки[уреди | уреди извор]

Според Татарчев на ова советување биле донесени следните одлуки:

1) Територијата на Македонија да се подели на револуционерни реони на чело со авторитетни лица 2) Матерјални средстава да не се собираат само од членовите, туку и од симпатизерите на делото 3) Во црково-просветните институции да се провлечат што поголем број на симпатизери на делото 4) Засилување на пропагандата со печатење на месни весници и ширење на револуционерна литература [1].

Советувањето преставувало силен импулс за понатамошната дејност, биле потврдени старите принципи, односно Организацијата ја продолжила борбата за контрола на црковно - училишните општини.

Новина преставувала поделбата на Македонија на револуционерни реони меѓутоа поради недостаток на изворна документација не се знае како оваа одлука е спроведена во пракса но по советувањето како револуционерни центри се одвоиле Солун, Битола и Штип.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Д. Димески, Македонското национално движење во Битолскиот вилает 1893-1903, 173